Блиску сме до карантин?

Објавено во: Македонија, Корона Вирус 20 Октомври, 2020
Доколку се исполнат болничките капацитети со пациенти, во тој случај ќе биде предложен карантин, изјави министерот за здравство Венко Филипче, во вестите на Канал 5.
Тој појасни дека болничките капацитети забрзано се исполнуваат, па за прв пат и одделението во Кавадарци се користи за згрижување пациенти со Ковид-19.
Меѓу болниците во Прилеп и Битола се менаџира, а и другите болници се исполнуваат.
Според Филипче, на располагање се модуларните болници, а ко се наполнат и тие, тогаш ќе мора да се воведе карантин, смета Филипче.
Во последното деноноќие имаме 408 заразени со коронавирусот и 4 починати.
Скопје има дури 227 нови заразени, а бројот на активни е 2.751.
Можеби ќе ве интересира
Ковид пасош или впечаток дека вакцината е задолжителна: Состанок на лидерите на ЕУ во четврток

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Македонија ќе добие вакцини од Србија, денес нови 63 заразени со коронавирусот

Во еден од македонските градови има само 8 активни случаи на коронавирусот

Опозицијата бара помош од Орбан за да се тргне бугарската блокада

Гордана Јанкулоска тврди дека за уништување на опремата за прислушување дознала кога СЈО отвори истрага

Поради коронавирусот Собранието немаше кворум за работа

ПРОГНОЗА ЗА СЛЕДНИТЕ ДЕНОВИ: Најавени се нови врнежи од снег
