БЛИЗУ РУСИЈА: Седиштето на НАТО сили во Финска би можело да биде лоцирано на 300 километри од Санкт Петербург
Објавено во: Свет 27 Септември, 2024
Седиштето на НАТО сили во Финска би можело да биде лоцирано на 300 километри од Санкт Петербург.
Седиштето на копнените сили на НАТО може да биде лоцирано во финскиот град Микели, информира Министерството за одбрана на Финска.
Микели е на околу 300 километри од рускиот град Санкт Петербург.
„Министерството за одбрана предложи штабот на Командата на копнените сили на НАТО да биде лоциран во Микели, каде што веќе се наоѓа штабот на финските одбранбени сили“, се наведува во соопштението.
Но, финската телевизија МТВ јави дека предлогот на МО е веќе одобрен. Финска заедно со Шведска се членки на НАТО од 4 април 2023 година. По руската инвазија на Украина, двете земји побараа да се приклучат на НАТО.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.