Блокирана сметката на српското министерство за земјоделство
Објавено во: Агробизнис, Балкан
19 Октомври, 2012
Добивај вести на Viber
Поради огромни долгови, сметката на српското министерството за земјоделство е блокирана. Поранешните министри за земјоделство, Саша Драгин и Душан Петровиќ, по истекувањето на своите мандати, го оставиле министерството во долгови, кои сега присилно ќе се наплаќаат преку блокирање на буџетската сметка. Од почетокот на годинава до денес вкупно по основ на присилно извршување се наплатени 1,2 милјарди динари, а вечера за наплата стасал уште нов износ од 204 милиони динари.
Врз основа на Уредбата за исплата на пари за некомерцијални фарми од 2008 година, министерството требало да исплати по 40 илјади динари на земјоделците, но по налог на министерот Драгин, исплатено двојно помалку по фарма. Потоа ниту неговиот наследник Петровиќ, не го решил проблемот, па сега долговите мора да се наплатат по судски пат.
Проценките се дека следната година по основ на прислино извршување, вкупниот износ ќе биде поголем за околу 2 милјарди динари, што директно ќе влијае врз нормалното функционирање на ова министерството, иако веќе има најава од српската Влада дека ќе помогне во решавањето на проблемот.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.