Блокирани железници, незадоволни вработени, патниците викендов без превоз
Објавено во: Македонија 18 Февруари, 2017 12:55
Состојбата во Македонски железници Транспорт е се посериозна и над 200 вработени се решија да протестираат и да не работат се додека не им бидат исплатени примањата за декември и јануари кои доцнат. Токму затоа блокиран е железничкиот превоз во Македонија со закана дека застојот ќе се одржи во текот на целиот викенд.
Поради штрајкот, граѓаните кои користат месечен билет, ќе мора да издвојат и дополнителни средства за превоз со автобус, автомобил или такси, додека на вработените да им биде исплатена барем една од двете неисплатени плати.
Штрајкот во Железници започна вчера па така многу патници кои редовно патуваат со воз беа на некој начин извисени. Според Латко Јовановски од независниот синдикат на машиновозачи и железничари сообраќајот на македонските пруги е целосно блокиран и во патничкиот и во товарниот дел. Дел од платата за декември е исплатен, па така останува уште јануарската плата во прашање.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот




