Книга за најкреативните читатели на Фактор: Богат татко, сиромашен татко!
Објавено во: Мои пари 01 Октомври, 2013 10:22
Книгата е доста поучна, и може да им користи не само на повозрасните личности, родителите, туку и на оние кои допрва ќе влегуваат во светот на финансиите и проблемите и кои се соочуваат со проблеми за кои не ни мислеле дека ќе се појават. Роберт сепак се стекнува со високо образование што смета дека ќе му биде корисно во животот, но тој го одбрал патот на неговиот богат татко и почнал да го слуша него и парите да се вртат околу него.
Секако ставовите се различни на двајцата родители, и тоа е она што го поттикнало да размислува повеќе за својата иднина и за неговата цел уште од малечок, да биде богат. Неговиот татко секогаш викал: „Богат сум деца, затоа што ве имам вас.“, а другиот пак зборувал: „Деца, морам да бидам богат, затоа што ве имам вас“, нормално, кој став повеќе ви одговара? Секако на вториот татко.
Основна работа која се учи од книгата е дека мрзливоста негативно влијае и врз здравјето и врз богатството. Тоа е тоа што го кажува Роберт дека едниот татко финансиски зајакнувал, а другиот ослабнувал, и како компарација го зема со реалноста за две личности, едната посетува фитнес редовно, а втората седи на каучот и гледа телевизија. Значи доколку сакате да ја сознаете личната финансиска перспектива за тоа како функционираат парите и како да работиме на сопствената финансиска интелегенција, ова е вистинската книга.
Редакција Фактор
Можеби ќе ве интересира
МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА
КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“
„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство
И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА
Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година
Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација
Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка




