18 Декември, 2025
0.0431

Богатите станале уште побогати во кризата, Битиќи бара повторно прогресивен данок

Објавено во: Економија 21 Мај, 2021 11:59

Добивај вести на Viber

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи поддржува враќање на прогресивниот данок, затоа што, како што вели тој, богатите станале уште побогати за време на пандемијата.  Ваквата реакција на вицепремиерот следува откако вчера претседателот на МАНУ, Таки Фити, рече дека потребна е финансиска консолидација и проресивен данок.

Битиќи смета и дека персоналниот данок треба да се намали во одредени дејности. Во моментов не е јасно дали одложеното прогресивно оданочување ќе се врати во 2023, но  Битиќи не ја исклучува можноста да биде воведено и порано. За даночните реформи најавува консултации кои најверојатно ќе траат шест месеци. Од дебатите со експертите ќе се знае дали има потреба и од воведување на кризен данок како што беше ситуацијата во 2001 година.

- Даночната реформа значи воведување на прогресивното оданочување, јас велам - зошто да не. Кризата покажа дека некои богати станаа уште побогати. Заради идеолошкото верување, сметам дека треба да има прогресивно оданочување. Богатите треба да платат и да вратат на посиромашните. Ако тоа значи воведување на нов данок за посиромашните, велам не, затоа што на нив им должиме за да излезат од прагот на сиромаштија и да почнат да живеат достоинствено, рече Битиќи.

Најлесно е да се зголемат даноците, потешко е да се бориш против сивата економија, реагиураше вчера Зоран Јовановски, главен советник на Управниот одбор на Стопанска комора на Македонија. Додава дека така ќе се оптоварат повеќе тие кои плаќаат данок. 

„Академик предлага покачување на даноците. Тоа е најлесно да се направи, да се натоварат уште повеќе тие што плаќаат данок. Потешко е да бориш против сивата економија. Треба прво тоа да се потсреди па после да се размислува за нови или повисоки даноци, напиша вчера Јовановски. 


Можеби ќе ве интересира

Германија ги заострува условите за социјална помош

Германија ги заострува условите за социјална помош

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?

Забави растот на платите во повеќе европски земји

Забави растот на платите во повеќе европски земји

Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?

Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?

Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка

Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје