Богојески заразен со коронавирус
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 11 Ноември, 2020
Петар Богојески од Македонски концепт е позитивен на коронавирус.
Тој на својот Фејсбук напиша дека утрово се разбудил со симптоми.
„Ве известувам дека заболев од Ковид 19 и започнувам со лекување! (согласно антиген брз тест – но морам да информирам како превенција). До вчера доцна бев без никакви симптоми, целосно функционален и енергичен… утрово се разбудив со симптоми… Утрово бев на тестирање со стапчињата на Бил Гејц… ми вградија чип и ме заразија! Целта им е да ме спречат да му помогнам на Трамп да победи!!! Шала на страна, Ве молам сите вие кои бевте во контакт со мене последните денови да се тестирате и да се заштитите! Јас ќе направам напор сите поединечно да ги информирам! Ви благодарам!“ напиша Богојески.
Во Македонија вчера имаше рекорден број на починати, дури 30 и нови 947 заразени.