Богов: Очекувам ММФ да потврди дека Македонија е во добра финансиска кондиција
Објавено во: Финансии 04 Април, 2013 12:42
Мисијата на ММФ од вчера го почна мониторингот на состојбите во македонската економија откако заврши Програмата за претпазливост. Гувернерот Димитар Богов, кој вчера имаше средба со членовите на Мисијата, очекува заклучокот да биде дека Македонија е во добра финансиска кондиција и дека може без проблем да ги сервисира обврските од кредитната линија за прептазиловист.
- Вчера ја имавме првата почетна средба со Мисијата на ММФ. Целта на оваа мисија ткн. постпрограм мониторинг значи следење на состојбите по завршувањето на програмата што ја имаше Македонија, односно кредитната линија за претпазливост, изјави денеска гувернерот додавајќи дека „монетарците“ вообичаено ќе видат и какви се сега движењата во економијата и сето она што стандардно ги интересира.
Според Богов, ќе нема позасилен мониторинг, и мисијата е за потребите на ММФ, а не за земјата. Потенцира дека се се сведува на стандардни консултации и оти во рамки на тоа се прави мало дополнително скенирање на состојбите чисто за потребите на ММФ да оцени какви биле ефектите од програмата што сме ја имале во претходните две години.
- Целта на ММФ секогаш е да видат дали земјата може да ги враќа обврските што ги напрвила кон ММФ, затоа што пред се заинтересирани се да ги добијат парите назад. Не се сомневам дека нивниот конечен заклучок ќе биде дека Македонија е во добра финансиска кондиција и дека може без проблем да го врати кредитот што го користеше од ММФ пред две години, истакна Богов.
Мисијата на Меѓународниот монетарен фонд ќе престојува во Македонија до 16-ти овој месец. Освен со Богов, Мисијата ќе има средби со министерот за финансии Зоран Ставрески, со банкари, бизнисмени и со опозицијата
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!
ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено
„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори
РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција
Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави
АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката
ПЕНЗИОНЕРИТЕ ПРЕД УСТАВЕН ГО ИЗРАЗИЈА РЕВОЛТОТ: „Се бориме за корка леб и лекови“





