„БОИНГ“ ВО ДЛАБОКА КРИЗА: Отпушта скоро12.000 работници
Објавено во: Економија 28 Мај, 2020
Во следните неколку недели, компанијата „Боинг“, американскиот производител на авиони, најави дека ќе има отпуштања на близу 12.000 вработени.
Според агенцијата „Ројтерс“, која ја објави информацијата, деновиве, „Боинг“ ќе раскине договори за работа со точно 6.670 работнци, додека 5.520 се согласиле да го раскинат договорот со меѓусебна согласност.
Истовремено, амеркиканскиот производител на авиони, дури за 10 проценти ќе го намали бројот на вработени во сите свои производствени капацитети низ целиот свет, па вкупниот број на работници кои ќе го загубат работното место, ќе биде околу 16.000 луѓе.
Финансиската криза во компанијата „Боинг“ се продлабочи откако поради пандемијата на корона вирусот светот се затвори, а тоа предизвика силен пад на побарувачката за авиони.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.