18 Декември, 2025
0.0553

Бојан Стојановски: Наскоро закони за помали даноци и поголеми пензии

Објавено во: Економија 18 Јуни, 2024 12:33

Добивај вести на Viber

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојановски, во емисијата „Студио 10“ на ТВ24 најави дека првите законски предлози на новото владеачко мнозинство ќе бидат оние за даночни олеснувања и за поволности за пензионерите.

„Економијата е многу важна тема, и за компаниите и за подобрување на животниот стандард. ВМРО-ДПМНЕ ќе започне со поднесување закони во Собранието за намалување на даноците како и за зголемување на пензиите. Ние имавме и ветување пред изборите за олеснување на условите за работа на фриленсерите и компаниите кои имаат големи заработки на годишно ниво“, рече Стојановски.

Пратеникот вели дека за овие чекори треба да се направи и добра анализа за состојбата на буџетската одржливост.

„Прво треба да ја видиме состојбата на буџетот. Имаме информации дека лимитот на ликвидноста е постигнат односно дека буџетскиот дефицит е достигнат на половина од годината. Ние нема да бараме изговори, туку ќе се посветиме на работа. Ќе кратиме од стоки и услуги за да ги алоцираме тие средства а друга страна како што се капиталните инвестиции, подобрување на условите за бизнисот и зголемување на стандардот на населението“, вели тој.

Стојановски рече дека финансиската помош за проекти што ќе им биде доделувана на општините ќе се дели принципиелно, без разлика од која партија доаѓа градоначалникот.

„Другиот наш план е за општините без разлика од која партија е градоначалникот врз основа на проекти да добија стотина милиони евра“, вели Стојановски кој додаде дека за три години за општините ќе бидат достапни 350 милиони евра.


Можеби ќе ве интересира

Германија ги заострува условите за социјална помош

Германија ги заострува условите за социјална помош

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?

Забави растот на платите во повеќе европски земји

Забави растот на платите во повеќе европски земји

Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?

Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?

Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка

Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје