БОЈКОТ И ВО МАКЕДОНИЈА, СЕ ПРИДРУЖУВАМЕ НА ХРВАТСКА ПРОТИВ СКАПОТИЈАТА: „Во петок да не се купува ништо од големите маркети“
Објавено во: Македонија 28 Јануари, 2025 10:27
Трендот
од регионот за бојкотирање на маркетите се пренесува и кај нас. Во моментот се
најавуваат бојкоти на маркетите од страна на граѓаните по социјалните мрежи.
Македонскиот инфлуенсер Божидар Божиновски, на неговиот профил на Фејсбук објави повик во петок на 31. јануари граѓаните во Македонија да ги бојкотираат големите маркети поради скапотијата.
-Подобро би било да се избегнуваат големи ланци и оние кои ги диктираат (договараат) цените, место тоа да се купува во семејни и мали, маалски продавници на подолг рок. Ланците немаат да пропаднат од еден ден, а на малите им менува многу, цели семејства живеат од една продавница.
Организаторите и од другите социјални мрежи повикуваат граѓаните да се воздржат од купување и користење услуги на маркетите, со цел да испратат јасна порака до одговорните за оваа економска состојба.
„Повикуваме на масовен бојкот во петок. Воздржете се од купување во големите маркети, избегнувајте ги помалите маркети. Сакаме да испратиме порака дека граѓаните нема да ги толерираат овие нереални поскапувања,“ се вели на социјалните мрежи.
Ајде сложно
— (@bojanvasil) January 27, 2025
31 ЈАНУАРИ БОЈКОТ!!!
РТ РТ РТ https://t.co/tPDreBy4be
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот




