18 Декември, 2025
0.0402

Бојлерите за вода стануваат нов луксуз за граѓаните: Ако ви се расипе - тешко дека ќе можете да купите нов

Објавено во: Финансии 13 Октомври, 2025 09:16

Добивај вести на Viber

Милиони граѓани низ Европа би можеле да се соочат со проблеми при снабдување со бојлери и повисоки цени, откако Европската комисија по грешка ги изоставила двата клучни метали – хафниум и циркониум – од листата на одобрени супстанци што се користат во производството на бојлери, пишува Financial Times.

Овој пропуст се случил при ревизијата на законите за заштита на животната средина, а последиците би можеле да бидат сериозни. Лобистичката група за домашни апарати Applia проценува дека над 90% од бојлерите би исчезнале од пазарот на ЕУ доколку овие материјали не бидат признати како безбедни за употреба во домаќинствата.

Проблемот произлегува од новите правила за вода за пиење што стапуваат на сила во 2027 година, при што Комисијата, изгледа, заборавила дека бојлерите исто така содржат вода за пиење, што ги доведува производителите во ризик од санкции.

„Хафниумот е апсолутно безбеден материјал“, изјави Паоло Фалќони, директор на Applia, истакнувајќи дека се користи повеќе од еден век во емајлирани резервоари и топлински пумпи. Алтернативните материјали како челик или бакар, според него, се четири до пет пати поскапи, што директно ќе ги погоди потрошувачите.

Европската комисија ја префрла одговорноста на земјите членки, кои досега не побарале одобрување на овие метали. Индустријата, пак, предупредува дека процесот за токсиколошки процени би траел предолго и би ги ставил европските производители во неповолна положба во однос на конкуренцијата однадвор.

„Недостатокот на регулаторна јасност може да ги одврати инвеститорите и да го забави враќањето на производството во Европа,“ предупреди Фалќони.

Извор / Фото: Pexels

Можеби ќе ве интересира

Ова се просечните годишни плати во европските земји: Разликите се огромни, еве зошто

Ова се просечните годишни плати во европските земји: Разликите се огромни, еве зошто

Рекорд на сите времиња: Илон Маск е најбогатиот човек во човечката историја

Рекорд на сите времиња: Илон Маск е најбогатиот човек во човечката историја

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Голем скандал во автомобилската индустрија: Возачите плаќале повеќе, производителите на батерии казнети со 72 милиони евра

Голем скандал во автомобилската индустрија: Возачите плаќале повеќе, производителите на батерии казнети со 72 милиони евра

Димитриеска-Кочоска: Буџетот е во одлична кондиција и обврските нема да останат несервисирани

Димитриеска-Кочоска: Буџетот е во одлична кондиција и обврските нема да останат несервисирани

Европските индекси растат, цените на златото повторно се близу до историски максимуми

Европските индекси растат, цените на златото повторно се близу до историски максимуми

Рекорд на пазарот на недвижности: Пентхаус во Дубаи продаден за речиси 130 милиони евра

Рекорд на пазарот на недвижности: Пентхаус во Дубаи продаден за речиси 130 милиони евра

Дали се руши хрватскиот сон? Половина од платата оди за даноци, становите се прескапи, подобро е дома

Дали се руши хрватскиот сон? Половина од платата оди за даноци, становите се прескапи, подобро е дома

„Ти си Балканец, ќе ни работиш за џабе“: Што навистина значи животот и работата во Швајцарска

„Ти си Балканец, ќе ни работиш за џабе“: Што навистина значи животот и работата во Швајцарска