26 Ноември, 2024
0.1488

БОЛЕСТА Е КОМПЛИЦИРАНА, А ВАКЦИНАТА ЈА ПРАВИ НЕКОМПЛИЦИРАНА: Порака од д-р. Петличковски до сите кои се заразени со ковид по примена вакцина

Објавено во: Македонија 16 Април, 2021

Добивај вести на Viber

Случаите на инфекција со вируси дури и по вакцинирањето не се изненадувачки и не сугерираат дека нешто не е во ред со вакцините или дека биле дадени неправилно, велат експертите откако голем број примери во Македонија укажуваат дека и по примена прва доза од вакцината против Ковид-19 сега се заразени со корона вирусот.

Директорот на Институтот за имунологија, д-р. Александар Петличковски, кој е специјалист по хумана генетика во разговор за Фактор вели дека воопшто не треба да зачудува фактот што дел од граѓаните кои се вакцинирани пред извесен период сега да бидат позитивни на Ковид-19. Може да се инфицираат со болеста дури и по месец дена од примена прва доза бидејќи имунитетот е многу индивидуална работа, зависи од силата на целиот организам, возраста, начинот на живот, можните болести, лековите што некој ги зема, исхраната и многу други фактори.

-Вакцините се најефикасни кога ќе се заврши тој вакцинациски циклус, односно откако ќе се примат двете дози, но различни вакцини се различно брзи во создавањето на антитела. Најсовремените, iRNK вакцините, Фајзер и Модерна создаваат најбрзо и по две недели некој што е вакциниран со овие вакцини има солидна количина која од ден на ден се зголемува. Со бустерот, како што велиме ние, односно со втората доза, бројот на антитетела уште повеќе се зголемува. Останатите вакцини се побавни во создавањето антитела, од кои кинеската е најспора. Но, сега говориме за создавање антитела, бидејќи за тоа имаме најмногу податоци, и тоа не треба да го поистоветиваме со имунитет. Некои вакцини создаваат помалку антитела, но активираат друг клеточен имунитет и пак се истотака ефикасни. И повторно да се вратиме на кинеската вакцина, велам дека таа е најспора кога сатнува збор за создавањето антитела, бидејќи дури по неколку недели почнуваат да се создаваат антителата но се значајно помалубројни во однос на вакцините Фајзер и Модерна. Кај кинеската треба да поминат 40 дена, тоа се 6 недели од втора доза за да има заокружување на хуморалниот одговор, односно комплетирање на создавањето на антитела, вели д-р. Петличковски.

Кога станува збор за вакцините Спутник и АстраЗенека, како што појаснува тој, тие се некаде на средината меѓу споменатите Фајзер и Модерна и кинеските вакцини.

-Но, апсолутно не е чудно и по три недели од првата доза со Спутник или со АстраЗенека да нема дтетектибилни антитела, тоа се случува, затоа зборуваме за комплетна вакцинациска серија кога ќе се заврши вакцинирањето со двете дози и ќе поминат неколку недели. Тогаш може да кажеме „вакцинацијата заврши“. Затоа постојано збруваме дека луѓето не треба да се опуштаат, со една доза не се завршува работата. Нормално дека почнува да се создава имунитетот, но не штити 100 проценти. Помеѓу двете дози исто сме вулнерабилни, ранливи како без вакцина, посочува д-р. Петличковски.

Во секој случај, иако не е исклучено човек да се зарази, како што нагласува д-р. Петличковски, клиничката слика, формата на болеста е многу полесна

-Постојат случаи на вакцинирани со Фајзер, дури и со две дози и по поминати неколку недели да се заразат со крона вирусот, но кога ќе се заразат тогаш болеста е неспоредливо полесна отколку кога некој не е вакциниран. И по пет дена и по шест дена имаме корист од вакцината и тоа со сигурност се гледа преку полесните клинички слики, макар и некомплетно вакцинирана индивидуа. Ниеден производител на вакцини не вели нема да има инфекција, велат дека смртен исход и тешка форма на болеста 100 проценти нема да се случи. Болеста предизвикана од Ковид-19 е комплицирана, а вакцината ја прави некомплцирана, заклучува во нашиот разговор директорот на Институот за имунологија, д-р. Петличковски.

Анита Буховски


* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ШТЕКЛИ ВРАБОТУВА! Бара професионално обезбедување, му требаат четири лица а ќе ги плаќа 3.000 евра по човек!

ШТЕКЛИ ВРАБОТУВА! Бара професионално обезбедување, му требаат четири лица а ќе ги плаќа 3.000 евра по човек!

За бугарскиот премиер прашањето за уставните измени е веќе затворена работа

За бугарскиот премиер прашањето за уставните измени е веќе затворена работа

Николоски: Диви плажи функционираат во Струга, до кога ќе се толерира Мерко?

Николоски: Диви плажи функционираат во Струга, до кога ќе се толерира Мерко?

Просториите на Адвокатска комора насилно запалени, се бара брзо пронаоѓање на сторителот

Просториите на Адвокатска комора насилно запалени, се бара брзо пронаоѓање на сторителот

Финансиска полиција го истражува поранешниот министер за култура Исмаили

Финансиска полиција го истражува поранешниот министер за култура Исмаили

Тепачка во Итна медицинска помош Гевгелија

Тепачка во Итна медицинска помош Гевгелија

Вицепремиерот Фетаи: Државата лани замрзнала сомнителен имот од само 1,8 милиони евра

Вицепремиерот Фетаи: Државата лани замрзнала сомнителен имот од само 1,8 милиони евра

По контроверзните помилувања, Силјановска Давкова објави нов комисиски состав

По контроверзните помилувања, Силјановска Давкова објави нов комисиски состав

Утре ќе бидат претставени шестте еколошки автобуси на ЈСП, донација од ЕУ

Утре ќе бидат претставени шестте еколошки автобуси на ЈСП, донација од ЕУ