21 Мај, 2024
0.0332

БОЛНА ИСПОВЕД НА ТЕТОВКА: Повраќав измет, имав некроза, а во тетовската болница ме лечеа со чај

Објавено во: Македонија 22 Декември, 2021

Добивај вести на Viber

Голготата на родилката во тетовската болница ја вознемири јавноста. Од синоќа се споделува статусот кој е сведоштво на тетовка за се низ што поминала летоска, кога го родила и своето дете. Таа сега е добра, па вели собрала сили да објави се што се случило. Се породила на 1 јули, со царски рез кој бил закажан за 7 часот наутро. Вели, не сонувала каков хорор следува. Најверојатно по ова во болницата ќе биде испратена и контрола.

„Спинална анестезија, јас будна, пратам што се случува цело време. Бебето го извадија за кратко, го слушнав како плаче и веднаш го однесоа. Очекував да ме сошијат, и крај. Ама не. Слушам дека нешто не им оди како што треба. Слушам дека никако не можат да го допрат крварењето. Се вртам лево од мене гледам цел куп гази со моја крв, почнува да ми се врти и да ми се стемнува и плачам ги молам да ме спасат да не искрварам. Слушам како трчаат и носат кеси крв од трансфузиологија. Ја молев една од сестрите да ме држи за рака, да не се чувствувам толку осамено и исплашено, да ми даде малце утеха. Го молев анестезиологот да ме утеши дека се ќе биде добро. Ги молев сите присутни да ми кажат нешто позитивно, добра вест. Три часа. Хоророт траеше цели три часа и јас цело време бев будна и цел живот ми помина пред очи. После три часа, слушнав “ајде веќе затворај ја не крвари веќе”, пишува Дона Неделковска.

Објаснува подолу и што следувало. Почнала да повраќа, а стомакот и бил целиот со грутки. 

„Не ми беше ништо? Се извинувам на читателите за тоа што следно ќе го прочитате, но има еден израз во медицината, се вика мизeрере. Тоа е кога цревата не работаат, и измет излегува низ уста. Повраќав фекалии. Доктори ме гледаа и ми кажуваа дека не ми е ништо, дека имам гастритис. Драгата докторка задолжена за царскиот ми даваше билни чаеви и ми ставаше врели шишиња на стомак. Докторке, доколку читаш, а читаш, од СЕ ИМАМ СЛИКИ. Бев слаба, ама се борев. Знаев што ми се случува и знаев дека ќе ми требаат докази. Четврти ден. Ситуацијата уште полоша. Молам за помош и конечно некој се смилува да викнат некој постручен и да ми стават назогастрчна сонда ( црево од нос во желудник ) за да ја испрзнат содржината од желудникот и да се чека цревата да се нормализираат. Преку таа сонда ми извадија цели 5 литри течност од желудникот. Итно рентген - со количка, тогаш веќе не бев способна ниту да се движам. Инфузии, лекови, немаше вена која не ми беше боцната. Веќе почнав да гледам страв и кај нив. Мајка ми, сопругот, цела фамилија и другари на нозе, трчаат бараат спас, молат да ме пратат во Скопје, додава Дона.

Објаснува всушност дека таа имала некроза која ја откриле во Скопје подоцна.

Да, во Тетово цели 5 дена ме чувале со некроза на матка, на раб на сепса, ме лечеа со чај од нане и рузмарин. Само Господ и двајцата доктори од Скопје кои ме оперираа ме спасија и се причина зошто сум сега тука и го пишувам ова и моето дете има мајка.

Не сакам да ги именувам, ако прочитаат знаат кои се, и сакам да им кажам на двајцата и на цел тим од абдоминална хирургија и хирургот од ГАК дека сум ви вечно благодарна.

Бебето за прв пат си го видов после 12 дена, излегов од болница 15кг послаба, со хематом на секоја вена, со две огромни лузни на стомак, не можев да се движам сама, не можев да се бањам сама, не можев ништо, ама помина, пишува Дона.


Можеби ќе ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ ги подигна 58-те пратенички мандати

ВМРО-ДПМНЕ ги подигна 58-те пратенички мандати

Фантомските работници од „Токсикологија“ подигнале решенија за работа само од организациската директорка

Фантомските работници од „Токсикологија“ подигнале решенија за работа само од организациската директорка

НА РАБОТА ДУР СИ ЖИВ: во оваа земја пензионерите едвај си ги покриваат трошоците, па работат напорна работа и на „стари денови“

НА РАБОТА ДУР СИ ЖИВ: во оваа земја пензионерите едвај си ги покриваат трошоците, па работат напорна работа и на „стари денови“

ПРЕТРЕС И КАЈ ПОРАНЕШНИОТ НАРОДЕН ПРАВОБРАНИТЕЛ МЕМЕТИ: Осомничен е за поткуп

ПРЕТРЕС И КАЈ ПОРАНЕШНИОТ НАРОДЕН ПРАВОБРАНИТЕЛ МЕМЕТИ: Осомничен е за поткуп

Тошковски: Од денеска демонтирање на дивиот забавен парк кај Борис Трајковски

Тошковски: Од денеска демонтирање на дивиот забавен парк кај Борис Трајковски

ОДЗЕМЕН ИМУНИТЕТОТ НА СУДИЈАТА ГЕОРГИЕВ - одреден му е притвор по апсењето со примените 10 илјади евра

ОДЗЕМЕН ИМУНИТЕТОТ НА СУДИЈАТА ГЕОРГИЕВ - одреден му е притвор по апсењето со примените 10 илјади евра

ВАЖНО МЕТЕО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Денес од пладневните часови на повеќе места врнежи, грмежи и засилен ветер – постои опасност од посилно невреме и поројни поплави

ВАЖНО МЕТЕО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Денес од пладневните часови на повеќе места врнежи, грмежи и засилен ветер – постои опасност од посилно невреме и поројни поплави

ТРОЈЦАТА ГОЛЕМИ СИГУРНО НЕ СЕ, НО КОЈ Е ОД ПОМАЛИТЕ, УШТЕ НЕ СЕ ЗНАЕ - има ли нов играч во хотелиерската компанија

ТРОЈЦАТА ГОЛЕМИ СИГУРНО НЕ СЕ, НО КОЈ Е ОД ПОМАЛИТЕ, УШТЕ НЕ СЕ ЗНАЕ - има ли нов играч во хотелиерската компанија

ПЛАТАТА ЈА КРИЈАТ КАКО ЗМИЈАТА НОЗЕТЕ: Се бараат жени за чување деца во Германија, но „за повеќе инфо инбокс“

ПЛАТАТА ЈА КРИЈАТ КАКО ЗМИЈАТА НОЗЕТЕ: Се бараат жени за чување деца во Германија, но „за повеќе инфо инбокс“