18 Декември, 2025
0.0509

БОЛНИЧКИТЕ КАПАЦИТЕТИ ПОД СИЛЕН ПРИТИСОК: Кумановски лекари преговараат со иселениците во нивните празни куќи да сместуваат болни од ковид

Објавено во: Македонија 13 Ноември, 2020 08:22

Добивај вести на Viber

Големиот бран на пациенти заразени со корона вирусот на кои им е потребно болничко лекување силно го опотовари целиот здравствен систем во Македонија. Министерот за здравство, сепак уверува дека се уште има болнички кревети и дека ресорното министерство е во постојан контакт со сите болници. Велат дека ако има потреба, капацитетите на ковид одделенијата ќе бидат дополнително проширени.

Истовремено посочуваат дека во сите болници ширум земјава, односно во клиничките и општите болници во градовите каде се лекуваат пациенти болни од ковид има околу 70 слободни болнички кревети, и секојдневно се прават и исписи на оздравени пациенти со што се ослободуваат дополнителни легла.

Состојбата е секаде критична, но алармот го вклучија лекарите од Куманово, кои велат дека сите болнички капацитети во овој град се исполнети. Освен на Одделението за инфективни болести, нема место ниту на одделот за неврологија. 

-Се е полно. Луѓето чекаат хоспитализации, а нема каде да ги сместиме. Пациентите со средно  тешка клиничка слика, со намалена сатурација, ги третираме на дневна основа, а реално им треба болничко лекување. Самата болест бара пациентите да бидат хоспитализирани, да полежат во болница, за да не дојде до влошување на нисвата здравствена сотојба. Се случува клиничката слика нагло да се промени. Тука, во Куманово ги правиме сите напори да успееме да ги надополниме болничките капацитети. Јас лично почнав да преговарам и со дел од иселениците ов Куманово кои со години се во странство, најмногу во Швајцарија. Нивните куќи се празни, а тоа се огромни домови, топли, средени. Таму би можеле да сместиме барем од 10 до 20 кревети. Сметам дека нивната хуманост ќе преовладее. Најважно од се е да имаме кадар. Сите се преморени, но верувам дека ќе излеземе на крај со ситуацијава. Во овој момент, најголемата помош ни е потребна и од самите граѓани. Да слушаат, да не излегуваат, да ги почитуваат мерките, ако имаат потреба да го напуштат домот, тоа да биде за кратко. Да се купи најпотребното и веднаш да се вратат дома. Останатите кои мора да одат на работа, да ги сведат контактите на минимум. Овие молби се секојдневни веќе месеци наназад, само така можеме да излеземе од кризнава ситуација, вели за Фактор координаторот на матичните лекари од Куманово, д-р. Фатмир Асани.

Инаку, на сила се мерки кои според Министерството за здравство може да дадат добри резултати во наредниот период, заради што во моментов сметаат дека нема потреба да се препорача најрестриктивната мерка која ќе значи целосно ограничување на движењето на граѓаните.

Ова е одлучено на вчерашниот состанок на министерот за здравство Венко Филипче со претседателот на Комисијата за заразни болести д-р Жарко Караџовски и д-р Сузана Маневска, кои телефонски се консултирале со останатите членови на Комисијата.

-Комисијата ја следи епидемиолошката ситуација и доколку е потребно после викендот ќе препорача дополнителни рестриктивни мерки, како целосно затворање на некои економски оператори и ограничување на движењето, дали во текот на едно деноноќие, во попладневните часови или за време на викенд, е наведено во соопштението од Министерството за здравство.

Анита Буховски


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Шилегов бара оставка од Филипче

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Шилегов бара оставка од Филипче

Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија

Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија

Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче

Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче

Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч

Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч

Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“

Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“

Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција

Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција

Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен

Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен

„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија

„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија

Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери

Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери