БОЛНИЦИТЕ ДРАМАТИЧНО СЕ ПОЛНАТ: Само за едно деноноќие се хоспитализирани 67 пациенти, како никогаш досега
Објавено во: Македонија 16 Март, 2021 13:14
Драматично расте бројот на хоспитализации на скопските клиники, но и во центрите во земјава.
Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 67 нови пациент поради компликации од корона вирусот. Вкупно 463 лица сомнителни и потврдени за КОВИД -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град, јави Министерството за здравство.
Поради зголемениот број на пациенти кои имаат потреба од хоспитализација, отворен е и ковид центратот на ТОАРИЛУЦ, на Клиниката за Трауматологија.
Во последното деноноќие, на Интерните клиники имало 35 приеми.
Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 18 примени пациенти и 12 биле примени на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден. Во Козле биле примени 2 нови пациенти.
Во изминатите 24 часа дома се пуштени 41 оздравен пациент.
Во моментов во ковид центрите на Интерните клиники и ТОАРИЛУЦ се лекуваат 221 пациент.
Во ГОБ 8 Септември има вкупно 74 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 129 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 35 пациенти. На ГАК има 4 хоспитализирани ковид позитивни пациентки.
Вкупно 463 пациенти потврдени и сомнителени за КОВИД- 19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.
Бројот на приеми во изминативе денови е зголемен и утрово до 8 часот имало 50 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.
Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна подршка.
Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1082 и има околу 340 празни болнички кревети во ковид центрите.
Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.
Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени.Можеби ќе ве интересира
Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија
Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче
Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч
Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“
Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција
Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен
„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија
Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери




