24 Ноември, 2024
0.0275

Болниците им се преполни, пациентите ги лечат на паркинзи

Објавено во: Свет, Корона Вирус 27 Јули, 2021

Добивај вести на Viber

Болниците во Тајланд се преполни, нема доволно кревети, а пациентите ги лечат на паркинзи. 

Поради влошувањето на состојбата, лекарите мора да враќаат сериозно болни, пишува „Гардијан“. Тајланд доби пофалби за успешната реакција на епидемијата лани, кога имаше најмал број на случаи во светот, но гневот кај јавноста расте поради бавната кампања за вакцинација. За околу четири месеци од почетокот на новиот бран починатите во земјата се зголемија од 100 на 4.146. Само денеска пријавени се 14.150 нови заразени и 118 починати. 

Владата е критикувана што не воведе полициски час пред неколку месеци. На 12 јули се воведени разни ограничувања во областите со висок ризик, како што е главниот град Бангкок. Околу 5 проценти од тајландското население е целосно вакцинирано, а 17 проценти примиле една доза.

Во понеделникот, стотици академици и медиумски работници издадоа заедничко соопштение во кое повикуваат на поголема транспарентност во врска со договорите за вакцини, вклучувајќи детали за тоа кој и кога примил вакцина.

Изјавата дојде откако во јавноста протече писмо од „Астразенека“, во кое се вели дека ќе се доставуваат 6 милиони дози вакцини на Тајланд, што не е во согласност со изјавата на владата дека треба да добие 10 милиони дози.

Претходно, светот го обиколија фотографии од Индија, каде луѓето умираа по улиците и пред болниците. 

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ИРАК E ВО ПАНИКА: Дали Израел се подготвува за напад и на Багдад?

ИРАК E ВО ПАНИКА: Дали Израел се подготвува за напад и на Багдад?

ЗЕЛЕНСКИ – „НА ПОВИДОК Е КРАЈОТ НА ВОЈНАТА“: Еве кога ќе заврши според него

ЗЕЛЕНСКИ – „НА ПОВИДОК Е КРАЈОТ НА ВОЈНАТА“: Еве кога ќе заврши според него

ПОЛОВИНА ЕВРОПА ПОД СНЕЖНО НЕВРЕМЕ: Завеани камиони на патиштата, повредени луѓе низ градовите, прекини во сообраќајот....

ПОЛОВИНА ЕВРОПА ПОД СНЕЖНО НЕВРЕМЕ: Завеани камиони на патиштата, повредени луѓе низ градовите, прекини во сообраќајот....

РАЗЛИКИ МЕЃУ ХИПЕРСОНИЧНАТА И ИНТЕРКОНТИНЕНТАЛНАТА БАЛИСТИЧКА РАКЕТА: Една е клучна

РАЗЛИКИ МЕЃУ ХИПЕРСОНИЧНАТА И ИНТЕРКОНТИНЕНТАЛНАТА БАЛИСТИЧКА РАКЕТА: Една е клучна

ВОЕНИОТ СОВЕТНИК НА ТРАМП – ЗАПАДОТ СЕ СООЧУВА СО НАЈГОЛЕМАТА ЗАКАНА ОД 1945: Генералот Кин ја анализира ситуацијата

ВОЕНИОТ СОВЕТНИК НА ТРАМП – ЗАПАДОТ СЕ СООЧУВА СО НАЈГОЛЕМАТА ЗАКАНА ОД 1945: Генералот Кин ја анализира ситуацијата

„ЌЕ ГО ТЕСТИРАМЕ ИСКЛУЧИВО ВО БОРБА“, базата во Полска е приоритетна цел на Русија

„ЌЕ ГО ТЕСТИРАМЕ ИСКЛУЧИВО ВО БОРБА“, базата во Полска е приоритетна цел на Русија

ГЕРМАНИЈА ИМ ДАВА ПАРИ НА МИГРАНТИТЕ ДА ЈА НАПУШТАТ ЗЕМЈАТА: „Одбиени им се барањата за азил, треба доброволно да заминат“

ГЕРМАНИЈА ИМ ДАВА ПАРИ НА МИГРАНТИТЕ ДА ЈА НАПУШТАТ ЗЕМЈАТА: „Одбиени им се барањата за азил, треба доброволно да заминат“

ДАЛИ ГРЕНЕЛ ЌЕ ЈА ДОБИЕ НАЈЗНАЧАЈНАТА УЛОГА, ПРОТЕКОА ИНФОРМАЦИИ: Најверојатно тој ќе треба да ја „реши“ војната Русија-Украина

ДАЛИ ГРЕНЕЛ ЌЕ ЈА ДОБИЕ НАЈЗНАЧАЈНАТА УЛОГА, ПРОТЕКОА ИНФОРМАЦИИ: Најверојатно тој ќе треба да ја „реши“ војната Русија-Украина

СЕВЕРНОКОРЕЈЦИТЕ ПРИСТИГНАА ВО МАРИУПОЛ: Овие војници имаат одвоено сместување, храна, музика и филмови од другите странски трупи

СЕВЕРНОКОРЕЈЦИТЕ ПРИСТИГНАА ВО МАРИУПОЛ: Овие војници имаат одвоено сместување, храна, музика и филмови од другите странски трупи