07 Мај, 2024
0.0321

„Бомба“ откри како Мијалков регрутирал гласачи и со чија помош

Објавено во: Македонија 24 Октомври, 2018

Добивај вести на Viber

„Бомба“ која се слушна денеска во судот покажува како се лобирало и агитирало за гласови. Претходната власт преку институции, јавни претпријатија, преку одредени етнички заедници „притискала“ за што повеќе гласови. 

Поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, во една од „бомбите“ кои денеска беа емитувани во судница на рочиштето по предметот „Титаник“ вели дека завршил 12 институции за обезбедување на гласови. 

Гласот на екс директорот на УБК, Сашо Мијалков, се појавува во еден разговор, и  му вели на Јанакиески дека не треба да зборуваат по телефон затоа што не се знае кој може да ги прислушува.

Мијалков му кажува дека успеал преку Мендух Тачи и Али Ахмети да обезбеди 800 гласа во корист на кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ. Вели ги стегнал Албанците и Ромите. 

„Бев со Тачи и со Адеми, ги наговорив сите нивни да излезат. Договорив со нив за секоја куќа да има по еден човек да ги носи на гласање. 400 да даде ДУИ, 400 Тачи и уште 700 ваму, ете ти ги 1.500‘“, објаснува Мијалков. 

Овој разговор е реализиран на 29 март 2013 година. Се наведува и дека со автомобили луѓето ќе треба да се однесат на гласање. 

Советничката на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје, Ирена Мишева, кога вели дека ќе притисне до максимум и преку директорите на јавните претпријатија.

Поранешната министерка за култура, Елизабета Канческа-Милевска, се сложила по барање на Јанакиески да регрутираат за гласање уметниците од театрите, балетот и операта.

„Титаник“ за изборни манипулации е првиот случај на СЈО отворен во 2016 година. 

Откако СЈО го обелодени овој случај, се доведоа во прашање изборните резултати, поради начинот на кој се вршело притисок врз гласачи. 

Можеби ќе ве интересира

БОКИ 13 ЗАВРШИ ВО СТАНИЦА: „Замислете, ме пријавил дека сум му ја загрозил безбедноста и дека сум го демнел“

БОКИ 13 ЗАВРШИ ВО СТАНИЦА: „Замислете, ме пријавил дека сум му ја загрозил безбедноста и дека сум го демнел“

ЗАЧЕСТИЈА НАПАДИТЕ ОД МАЛОЛЕТНИЦИ - четири лица уапсени, ограбиле други малолентици, ќе следи пријава

ЗАЧЕСТИЈА НАПАДИТЕ ОД МАЛОЛЕТНИЦИ - четири лица уапсени, ограбиле други малолентици, ќе следи пријава

ДЕТАЛИ: Возач на „ауди“ од Сарај преполови автомобил во Влае, жена се бори за живот

ДЕТАЛИ: Возач на „ауди“ од Сарај преполови автомобил во Влае, жена се бори за живот

Двојно повеќе посети од Македонците во Грција

Двојно повеќе посети од Македонците во Грција

„ОВА ГО ЧУВСТВУВАМ КАКО ПРИТИСОК И ОБИД ЗА ЦЕНЗУРА“ - Боки 13 повикан во полиција во врска со пријавите за загрозување на безбедност

„ОВА ГО ЧУВСТВУВАМ КАКО ПРИТИСОК И ОБИД ЗА ЦЕНЗУРА“ - Боки 13 повикан во полиција во врска со пријавите за загрозување на безбедност

Тешка сообраќајка, затворен булеварот Партизански одреди во Влае

Тешка сообраќајка, затворен булеварот Партизански одреди во Влае

СОНЧЕВО И ТОПЛО, ПА ГРМОТЕВИЦИ: понесете чадори, во попладневните часови ќе има пороен дожд

СОНЧЕВО И ТОПЛО, ПА ГРМОТЕВИЦИ: понесете чадори, во попладневните часови ќе има пороен дожд

Пендаровски: Нема предавање и откажување пред 8 мај по ниедна цена

Пендаровски: Нема предавање и откажување пред 8 мај по ниедна цена

Пендаровски се надева на гласовите од сите етнички заедници, Силјановска Давкова на победа со разлика од три спрема еден

Пендаровски се надева на гласовите од сите етнички заедници, Силјановска Давкова на победа со разлика од три спрема еден