08 Декември, 2025
0.0498

BOOKирај одмор со книга од „Арс Ламина“ со попуст до 60%

Објавено во: Мои пари 19 Јуни, 2025 14:33

Добивај вести на Viber

Дочекајте го летото подготвени – со добра книга и многу инспирација. Под мотото „BOOKирај одмор со книга“, издавачката куќа „Арс Ламина“ ја спроведува летната продажна акција, која почна на 15 јуни и ќе трае до 15 јули 2025 година. Во рамките на акцијата читателите ќе имаат можност да купат повеќе од сто наслови со попуст до 60%.

Понудата ги опфаќа најбараните жанрови: белетристика (бестселери, трилери, историска фикција, биографии, мотивациска и литература за самопомош), романи за деца, како и лектири и читанки од едицијата „Лесно читливо“.

Резервирајте си релаксиран одмор или, пак, возбудлива летна авантура со книга. Без разлика дали летниот одмор ќе го поминете на плажа, на патување, во природа или во домашна атмосфера, добрата книга е идеално друштво. Со големиот избор и поволните цени, ова е одлична можност да ја освежите вашата домашна библиотека и да си изберете одлична книга за одмор.

Од романсите што се на попуст го издвојуваме: „Едно лето во Италија“, „Дејзи Џонс енд д Сикс“, „Три желби“, „Писатели и љубовници“, „Последната годишнина“, „Дневникот на Бриџит Џонс“, „Задоцнетиот живот на Ејми Бајлер“ и „Сплеткарот Купидон“.

Со попуст се и најбараните трилери: „Списокот со гости“, „Станот во Париз“, „Мојата мрачна Ванеса“, „Те знам“, „Златната двојка“, „Семејни тајни“, „Низ иглени уши“, „Силвервју“, „Клучот за Ребека“, „Страчки“, „За ваше добро“, „Украденото дете“, „Совпаѓање“, како и популарните наслови од историска фикција: „Седумте мажи на Евелин Хуго“, „Малибу во пламен“, „Кери Сото се врати“, „Градината на Олеандрите“, „Ќе се најдеме во Бомбај“, „Војна и љубов“, „Брачниот портрет“ и „ФАУ-2“.

Сите што сакаат да читаат биографии, со попуст можат да ги набават „Резерва“ од Принц Хари и „Тина Тарнер – Мојата љубовна приказна“, како и книгите за  самопомош и мотивација: „Петминутна терапија“, „Вистина – куса историја на чисти глупости“, „Што ти се случило?“, „Нашиот луд мозок“, „Гласот во нашата глава“ и „Жени, храна и хормони“.

Акцијата важи во поголемите книжарници, каде што се застапени книги од „Арс Ламина“. Дел од насловите се на попуст во книжарниците „Литература.мк“ и онлајн www.literatura.mk.
Книжарници во кои важи попустот од акцијата „BOOKирај одмор со книга“ од „Арс Ламина“: „Кокпит“ – Битола; „Збор“, „Унистар 1“ и „Унистар 2“ – Велес; „Бук шоп“, „Ние пром“ - Гевгелија; „Киже“ – Кичево; „Пан граф“ – Куманово; „Бонига“ – Неготино; „Сив“ – Охрид; „Топер“, Издавачки центар „Три“, „Сакам книги“, „Чудна шума“ – Скопје; „Јованови арт“ – Штип. 

*Пр објава

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот

Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот

СЕТЕК BLUE DECEMBER: ЖЕЛБИТЕ БЛЕСКААТ ВО СИНО

СЕТЕК BLUE DECEMBER: ЖЕЛБИТЕ БЛЕСКААТ ВО СИНО

Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“

Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“

Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“

Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ

Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?

Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?

Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели

Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј