Борис Дамовски порача дека нема да се дозволи нова смена на знамето
Објавено во: Македонија 28 Февруари, 2017 18:37
Борис Дамовски еден од членовите на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ на денешниот марш за зачувување на унитарниот карактер на Македонија посочи дека нема да се дозволи повторно да се смени знамето на Македонија.
- Овде постојат само две бои црвена и жолта. Бараме ние, жителите на оваа држава, да се доведе оваа земја во ред, било по кои избори без разлика кој за кого гласал да биде на власт, да се почитуваат демократските избори и резултати, да нема математики. Да живее Македонија, жолто црвена, Македонија на која никој нема по втор пат да и го смени знамето, истакна Дамовски.
Тој им се заблагодари на големиот број присутни на протестниот марш посочувајќи дека сите Македонци, Албанци, Власи, Срби, Турци и останати вечерва и вчера покажале што е граѓански собир.
Можеби ќе ве интересира
Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица
Орце Ѓорѓиевски: Финансиска полиција подигна обемна документација од Град Скопје, Комунална хигиена и ЈСП
АХВ ВО КОНТРОЛА НА НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА: Еве што открила
„ТОА Е ИСТО КАКО ХИТЛЕР ДА ТЕ ПОФАЛИ ЗА ДОБРИТЕ РЕФОРМИ ШТО ГИ ПРАВИШ“: Најчевска за пораката на Трамп дека сме на добар пат во развојот на демократијата
ОПОЗИЦИЈАТА МОЖЕ ДА СЕ ПОВИКУВА НА КОГО САКА: Тошковски за темата мигранти
ДЕЛ ОД МАКЕДОНЦИТЕ ПОСЕДУВААТ ВАКВО ИСКУСТВО: Oва ги турка напред во кариерата
ТРЕНЧЕВСКА ВЕЛИ ДЕКА СДСМ ВЛЕГУВА ВО НОВА ФАЗА НА ПОЛИТИЧКО ЗАЈАКНУВАЊЕ: Се огласи и за резолуцијата на Собранието
„ОВА Е УБАВО СПАКУВАН ПЛАН ЗА ДИСЦИПЛИНИРАЊЕ НА ДРЖАВИТЕ“: Ванковска за бриселските заклучоци за Западен Балкан




