БОРИСОВ ДО МАКЕДОНИЈА: Да продолжиме заедно напред, врз основа на почитувањето и спроведувањето на Договорот за пријателство
Објавено во: Македонија 10 Јули, 2025 16:21
Поранешниот премиер на Бугарија и претседател на ГЕРБ, Бојко Борисов, по вчерашното гласање за извештајот за Македонија во Европскиот парламент, изјави дека повторно им се обраќа на своите пријатели во Македонија.
„Да продолжиме заедно напред, врз основа на почитувањето и спроведувањето на Договорот за пријателство и добрососедство. Во мое име и во име на Бугарија, тие секогаш ќе имаат искрен и близок партнер. Ова е јасен знак дека кога Бугарија е обединета, кога сите пратеници, институции и политички сили дејствуваат заедно, можеме да постигнеме резултати и да го браниме националниот интерес на највисоко ниво во Европа. Посебна благодарност до Андреј Ковачев и нашето семејство, Европската народна партија“, рече Борисов за одлуката на ЕП да го отфрли „македонскиот идентитет и јазик“ од извештајот подготвен од Томас Вајц, објави БГНЕС.
Борисов додаде дека во последните недели имал многу разговори со европски лидери и партиски лидери во ЕУ, каде што им објаснил дека европските документи не треба да се користат за националистичка пропаганда, туку како што вели, тие треба да служат на добрососедството.
foto BGNES
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот




