Борисов се бунтува против името Северна Македонија
Објавено во: Македонија 12 Јуни, 2018 12:06
Откако стана јасно дека Македонија и Грција се во финалните фази на разговорите за името, и преговараат како што тврдат грчките медиуми за опцијата "Северна Македонија", се случуваат дипломатски реакции по ова прашање, пишуваат бугарските медиуми. Официјално, Бугарија не се меша во спорот за името, бидејќи ја призна Македонија под уставното име.
„Интересно е сепак каква ќе биде реакцијата на нашата земја, мислејќи на цврсто изразеното незадоволство на премиерот Бојко Борисов против предметниот предлог за името. Пред медиумите во 2012 година тој објави дека Бугарија не се согласува во името на Македонија да има географски поим. Според него варијанти како Северна Македонија се апсолутно неприфатливи, бидејќи од географска гледна точка делови од нашата земја спаѓаат во тоа име. А тоа би била предуслов за територијални претензии кон Бугарија“, пишува актуелно.бг.
"Различни опции се дискутираа во разни консултации со нас: повторувам, една од можностите што ми беа дојдени беше за северна Македонија, ако не грешам и реков дека ние нема да го прифатиме тоа име, бидејќи утре ќе кажат дека Благоевград е Македонски", рекол Борисов тогаш, потсетува погоре споменатиот медиум.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот




