Босанците тонат во долгови
Објавено во: Балкан 06 Јануари, 2014 17:15
Повеќе од половина население во БиХ не е во состојба навреме да ги плати трошоците за комунални услуги кои моментално изнесуваат стотици милиони конвертабилни марки (1км=околу 0,5 евра).
Повикувајќи се на проценките од различни потрошувачки здруженија и невладини организации, весникот „Дневни аваз“ наведува дека моментно за различни комунални услуги должно е секое четврто домаќинство, а најмногу долгови се регистрирани на подрачјето на Сараевската жупанија.
На пример, претпријатието „Топлана“ пријавило дека корисниците на неговите услуги должат дури 69 милиони конвертабилни марки (околу 35 милиони евра), главниот градски дистрибутер на природен гас „Сараевогас“ има ненаплатени сметки од 1,6 милиони марки (околу 800.000 евра), додека ненаплатените долгови кон „Електростопанство БиХ“ изнесуваат повеќе од 14 милиони конвертабилни марки (околу 7,5 милиони евра).
Поради ваквата состојба босанските судови се преполни со огромен број тужби поднесени од комуналните претпријатија против должниците. Се проценува дека во сите судови ширум земјата се наоѓаат повеќе од 1,6 милиони вакви предмети кои многу бавно се решаваат.
Можеби ќе ве интересира
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација
Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата
Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии
Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни
Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата
Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени




