Босански воен злосторник почина од коронавирусот
Објавено во: Балкан, Корона Вирус 15 Септември, 2020
Босански воен злосторник на 75 години почина од Ковид -19 во Бања Лука.
Осудениот воен злосторник и првиот српски член на Претседателството на Босна и Херцеговина (БиХ), Момчило Краишник, ја изгуби битката со вирусот.
Пред две недели е примен во болница поради пневмонија.
Заедно со Радован Караџиќ, тој е еден од основачите на Српската демократска партија и прв претседател на тогашното Собрание на српскиот народ на БиХ, кое подоцна стана Национално собрание на Република Српска.
По Дејтонскиот договор и формирањето на тричленото претседателство на БиХ, Краишник стана првиот претставник на Србите во тоа тело.
Во април 2000 година е уапсен и изведен пред Меѓународниот кривичен трибунал за поранешна Југославија во Хаг, каде што му се судеше за воени злосторства.
Во првостепената постапка е осуден на 27 години затвор, а во апелационата постапка казната му е намалена на 20 години.
Краишник е одговорен за злосторства против човештвото - убиства, истребување, политички, расни и верски прогони, депортации и присилно преместување на босански муслимани и Хрвати на пошироко подрачје во БиХ.
Откако издржа две третини од казната, тој е ослободен од затвор во Велика Британија. Откако се врати во Република Српска, народот го дочека како херој.
По враќањето во Босна и Херцеговина, тој се вклучи во општествениот живот преку создавањето на организацијата Создавачи на Република Српска.
Краишник е роден и пораснал во Сараево, каде што магистрирал економија.Во Босна и Херцеговина во последните 24 часа забележани се 293 новозаболени од коронавирус од кои во Федерацијата 235, во Република Српска 57 и еден до Брчко.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.