18 Декември, 2025
0.2518

Бошњаковски: Ова е клучен момент за Македонија и за интеграциите во ЕУ и НАТО

Објавено во: Македонија 13 Јуни, 2018 13:07

Добивај вести на Viber

Владата очекува сите политички фактори во Република Македонија да соберат доволно демократски капацитети и да сфатат дека ова е клучен момент за Македонија и за нејзината интеграција во ЕУ и НАТО, изјави денеска портпаролот на Владата Миле Бошњаковски, по денешната куса средба на премиерот Зоран заев и министерот за надворешни работи Никола Димитров со претседателот Ѓорге Иванов и реакциите на опозицијата за договорот со Грција. 

- Претседателот на Владата и министерот за надворешни работи беа кај претседателот Иванов. Средбата била кратка. Доставен е документот до претседателот, по што  тој изразил желба веднаш да го напушти состанокот. Очекуваме дека сите политички фактори во Република Македонија ќе соберат доволно демократски капацитети да сфатат дека ова е клучен момент за Македонија и за нејзината интеграција во ЕУ и НАТО, рече Бошњаковски.

Најави дека Владата ќе продолжи конструктивно да се однесува и да ги објаснува бенефитите и позитивните работи кои произлегуваат од договорот што ќе биде јавно објавен по следната седница на Владата, која дополнително ќе биде закажана. 

- Владата на Република Македонија има јасно зацртана цел. Се наоѓаме во клучен момент, историски за Република Македонија, за граѓаните, пред нас се наоѓа европерспективата. Очекуваме да станеме триесетата членка на НАТО. Јарболот наскоро ќе биде поставен и очекуваме на него да се вее македонското знаме. Очекуваме сите политички субјекти да бидат свесни, ќе знаат во каква политичка состојба се наоѓаме во моментов, рече Бошњаковски на редовната прес-конференција во Владата. 


Можеби ќе ве интересира

УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата

УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата

МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење

МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење

СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема

СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема

УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето

УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето

Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје

Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје

Обвинение за упадот во „Инфомкас“, напаѓачот бил пресметлив

Обвинение за упадот во „Инфомкас“, напаѓачот бил пресметлив

Левица: Ќе доставиме докази против Томовски во Антикорупциска

Левица: Ќе доставиме докази против Томовски во Антикорупциска

Игор Ивановски и Андреј Петров отвораат фронт за преземање на СДСМ?

Игор Ивановски и Андреј Петров отвораат фронт за преземање на СДСМ?

ВМРО-ДПМНЕ: Државниот ревизор потврди дека Груби прикрил 2 милиони евра од Лотарија

ВМРО-ДПМНЕ: Државниот ревизор потврди дека Груби прикрил 2 милиони евра од Лотарија