Божиновска: Секој рудар мора да се врати дома – безбеден и горд
Објавено во: Економија 28 Август, 2025 14:42
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска денеска по повод Денот на рударите присуствуваше на свечената манифестација во РЕК Битола, заедно со претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, и раководството на АД ЕСМ. Настанот беше можност да се оддаде почит кон рударите и да се нагласи нивното значење за економијата на државата.
Во своето обраќање, министерката Божиновска истакна дека рударите се економски столб кои секојдневно се соочуваат со предизвици за да обезбедат стабилност и иднина за државата.
„Секојдневна битка со длабочината и темнината за ресурси кои ја движат економијата. Наша цел е секој рудар да се враќа дома безбеден и горд. Министерството стои цврсто зад секој рудар – со современа опрема, безбедни услови за работа и фер стандарди за сите,“ порача министерката.
Таа испрати и јасна порака кон компаниите што работат во секторот:
„За оние што вложуваат во безбедноста на рударите и заштитата на животната средина, поддршката е целосна. Но за оние што мислат дека можат да ја заобиколат законската регулатива – нема компромиси. Инспекциите се засилени, контролите се редовни, а казните построги од кога било. Законот важи за сите – без исклучок,“ нагласи Божиновска.
Со доделувањето на признанија за најистакнатите рудари, манифестацијата во РЕК Битола уште еднаш ја потврди улогата на рударството како силен и одржлив економски сектор, но пред сè како професија која бара почит, заштита и континуирана поддршка.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Германија тоне во најлошата криза од 1945 година, индустријата се соочува со проблеми
Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД
Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска
Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството
БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?
Среброто привлекува сè поголемо внимание од купувачите, eве зошто...
Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното





