Божиновски: Бегството на Груевски носи непроценлива штета по сите процеси во државата
Објавено во: Македонија 26 Ноември, 2018 18:47
Обвинетиот поранешен генерален секретар на Владата, Кирил Божиновски денеска пред судот даде збор дека нема да бега.
Тој го осуди бегството на поранешниот премиер, Никола Груевски и рече дека со тоа предизвикал непоправлива штета.
„Најостро го осудувам ваквиот чекор, кој носи непроценлива штета по сите процеси во државата. Но, не може со нечие поведение да се прави паралела со друг обвинет. Секој си носи последици за своите постапки“ – додаде Божиновски.
Тој денеска пред Апелациониот суд изјави дека со eкс премиерот, Миле Јанакиески се сретнал еден ден пред да бидат приведени и однесени во притвор, но дека не разговарале за никакво бегство.
„Со Јанакиески остварив случајна и неформална средба на јавно место, во присуство на сведоци и ми кажа дека разговарал со претседателот за актуелни случувања, но во ниту еден момент не ми кажа дека се разговарало за она што е причина за овој притвор. Вечерта пред моето приведување бев во својот дом и се подготував за утрешното рочиште на Титаник“ – рече Божиновски.
Како аргумент за да му се укине притворот тој вели дека е татко на две малолетни деца и дека има сопруга со нарушено здравје. Кажа дека не е точно дека има банкарски сметки во друга земја.
Адвокатите потенцираа дека решенијата за притворите на Божиновски и Миле Јанакиески се копи-пејст со исти аргументи, само имињата се различни.
Апелацискиот суд има рок од 48 часа да донесе одлука по жалбите за мерката притвор.
Можеби ќе ве интересира
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки
Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица
СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината




