19 Декември, 2025
0.0973

БРАЧЕН ПАР ОД МАКЕДОНИЈА Е ЗАГЛАВЕН ВО ЗАГРОЗЕНИТЕ ПОДРАЧЈА НА ГАЗА: Не успеале да излезат пред затворањето на граничниот премин со Египет

Објавено во: Македонија, Свет 12 Октомври, 2023 11:06

Добивај вести на Viber

Досега се контактирани 150 наши граѓани од Израел, од кои 60 веќе стигнаа, а останатите 90 очекувам утре, во текот на денот сите да бидат вратени во Македонија, информираше министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Амбасадата во Каиро, нагласи Османи, е во комуникација со еден брачен пар што се наоѓа внатре во загрозените подрачја во Газа, што е изолиран од Израел, откако не успеале да излезат пред да се затвори единствениот граничен премин со Египет.

- Тие во моментот се безбедни. Ситуацијата таму е многу променлива, и тие можеме да сметаме дека се во некаков ризик. Работиме и со властите во Египет, за да ги ослободат да излезат, а потоа ќе организираме превоз од Египет. Меѓутоа, засега немаме начин како да ги извлечеме од Газа, изјави Османи.  

Дел од граѓаните кои беа затекнати во загрозените подрачја во регионот на Газа, ноќеска со авион пристигнале во Атина и веќе се на пат кон својот дом. Во Атина, Османи посочи дека тие биле пречекани од нашата амбасада, од каде со автобус се префрлени до граница, од каде МНР ги презема со возила и ги носи до нивните домови.

- Така беа вратени ноќеска петмина, а утринава дополнително 17 од тие дваесетина што беа во загрозените подрачја пристигнаа веќе во Атина и во моментот се на пат кон Солун и МНР организира превози и ги пречекува на граница и организира превоз до нивните домови, изјави Османи.

Според Османи, првично фокусот бил да се идентификуваат, контактираат и извлечат од загрозените подрачја нашите граѓани, и потоа да се пренесат до Тел Авив, каде и имало функционален аеродром. Османи, исто така, се заблагодари и посочи дека дел од вратените граѓани се преку Јордан, Албанија, Турција, Црна Гора и Србија.

Прашан за коментар за информациите од Еврејсkата заедница во земјава, за наводно загинати тројца македонски државјани во Израел, Османи рече дека, немаат такви информации. 


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот