19 Декември, 2025
0.1306

Бране Петрушевски: ДУИ и АА на чело на сите здравствени институции во Куманово

Објавено во: Македонија 20 Октомври, 2023 09:51

Добивај вести на Viber

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, синоќа реагираше на социјалните мрежи дека министерот за здравство Фатмир Меџити за половина месец ја променил директорката на кумановската болница Биљана Ивановска и како вршител на должност си поставил свој сопартиец од Алијанса на Албанците.
Кумановскиот пратеник реагира дека Меџити ова го направил во знак на одмазда кон министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, затоа што наводно тој се уште не поставувал началници од Алијанса за Албанците.
На крајот Петрушевски констатира дека сите три здравствени институции во Куманово сега ги води кадар на ДУИ и АА, а ниту една не е контролирана од СДСМ.
„Министерот за здравство Фатмир Меџити, кој инаку доаѓа од партијата Алијанса за Албанците, при денешната посета на Куманово одбил да одговори на новинарско прашање зошто по само неполн месец е разрешена Биљана Ивановска од директорка на Општа Болница Куманово.

Да им помогнам на новинарите, причината е внатре-коалициските несогласувања помеѓу владините партнери, поконкретно, доцнењето на Спасовски со поставување на началници по СВР-ата во западна Македонија од редовите на Алијанса за Албанците, согласно нивниот коалициски договор. Знам дека ќе го негираат ова и ќе се вадат на нестручно работење, но така пак само ќе потврдат дека СДС става несоодветни лица на раководни позиции.

Денес благодарение на "коалицискиот капацитет" на СДС, во Куманово и целиот североисточен регион НЕМА уролог, но во трите здравствени институции има:

Директор на општа Болница Куманово - Фати Џемаили од АА

Директор на Здравствен дом Куманово - Фарук Алили од ДУИ

Директор на Центар за јавно здравје - Ариф Љатифи од ДУИ

Па јавно го поставувам прашањето - постои ли СДС во Куманово???“, гласи статусот на Петрушевски.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот