Бранимир Несторовиќ тврди дека дистрибуцијата на вакцини во земјите во развој е практично невозможна
Објавено во: Балкан, Корона Вирус 14 Ноември, 2020
Вакцината на Фајзер мора да се транспортира замрзната, се даваат две дози во интервал од три недели, напиша на Фејсбук д-р Бранимир Несторовиќ.
Тој објаснува на кој начин треба да се чува оваа вакцина.
Додава дека се потребни ниски температури за складирање на вакцините на Фајзер и Модерна, што ја прави дистрибуцијата во земјите во развој практично невозможна без сериозни инвестиции во инфраструктурата.
За да бидат доставени вакцините во сите земји, ќе бидат потребни 8.000 авиони од типот Боинг 747, објави Меѓународната асоцијација за воздушен транспорт (ИАТА).
Иако вакцината сè уште не е официјално произведена, ИАТА веќе прави план за транспорт заедно со авиокомпаниите, аеродромите и националните здравствени организации.
Авионите првенствено мора да бидат во согласност со стандардите како што е можноста за одржување на температура помеѓу 2 и 8 степени, а за некои вакцини се потребни температури под нулата.
Србија досега обезбедила 1.800.000 дози вакцина, најави деновиве српскиот претседател Александар Вучиќ.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.