БРАТОТ НА МАРТИН СЕ ВКЛУЧИ ВО ПОТРАГАТА, седми ден од исчезнувањето, се бара со авион и бродови
Објавено во: Македонија 15 Јули, 2022 14:31
Потрагата продолжува и во седмиот ден од исчезнувањето на младиот Мартин.
Како што објави невладината организација ОФКАТХ ова е 7-ми ден како продолжува потрагата со пловечки и воздушни средства за лоцирање на исчезнатиот Мартин, а во потрагата се вклучи и неговиот брат кој допатувал од САД.
- Авион втор ден полета од Солунскиот аероклуб со пункт за пребарување на плажите Катерини и Лариса. Од денеска во истрагите учествува и неговиот брат кој претпладнето дошол од Америка, а попладне очекуваме волонтери од Скопје кои ќе помагаат во истрагите. Напорите продолжуваат... - стои во објавата од ОФКАТХ.
Скопјанецот Мартин Јовановски (31) исчезна пред седум дена кога заедно со двајца негови пријатели беа однесени од морските струи на плажата во Посеиди, на Халкидики.
Едното момче беше пронајдено истиот ден, додека другиот, Иван успеал да преживее на отворено море благодарение на волјата и малата топка со чија помош се држел на површината додека не го пронајдат.
Мартин го нема веќе седум дена, а иако е долг период, се уште постои надеж дека ќе биде пронајден жив и здрав.
Фото: Принскин
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот




