19 Мај, 2024
0.0300

БРАТОТ НА МИЛЕ ПАНИКА: Даночната реформа на штета на граѓаните е неразумна мерка

Објавено во: Македонија 06 Ноември, 2018

Добивај вести на Viber

Коментари, фејсбук статуси...деновите ни се чини еден тон а најспоменувано име во сите нив со право ќе кажеме дека е новиот данок кој го најавуваат надлежните.

По реакциите на експерти, професори, бизнисмени преку Фејсбук статус се огласи и Влатко Огњановски.

Тој мерката за прогресивно оданочување ја толкува како неразумна пишувајќи дека да се менува даночна политика на штета на граѓаните, за да се постигне минорен фискален ефект, според него е неразумна мерка. 

Во продолжение ви го пренесуваме неговиот Фејсбук статус насочен на најавените даночни реформи.

Прогресивен данок е ОК. Праведен, солидарен, тие што имаат повеќе, повеќе да платат за општото добро. Ама, дали е за кај нас? Не било ништо страшно, опфаќало само 1% од населението што заработувале над 90.000 месечно.

Прво: страшно е самото тоа што едвај 1% од луѓето што живеат во државава заработуваат некаква пристојна сума. Власта пред се’ треба да ја загрижи фактот што минорен дел од општеството заработува доволно за да може да живее пристоен и достоинствен живот (што значи дека 99% од населението нема пристоен живот). Наместо да бара начин како да ги оданочи овие 1%, власта треба да бара начин како да створи услови овој процент да биде што поголем. Кога поголем број луѓе ќе заработуваат по толку, поголем ќе биде и нето ефектот во буџетот без зголемување на даночната стапка.

Второ: Наводно цел на овој закон биле тие што заработувале хонорарно со работа во странство преку интернет (тоа се главно ИТ професионалци, дизајнери и сл., претежно фриленсери). 
Второ 1: Ова се луѓе нето извозници, кои фактички вршат извоз на интелектуални услуги. Значи, заработуваат во странство, трошат дома. Значи, вршат нето внес на девизи во земјата и со тоа го зголемуваат БДП на државата. Со тоа што заработуваат во странство, а трошат тука, тие луѓе директно придонесуваат за развој на локалната економија. Обезбедуваат живот за своето семејство, купуваат во локални дуќани. Место да го стимулира ваквиот извоз, државата лешинарски бара начин како да штрбне од со ум заработените пари. 
Второ 2: Ако ваквите луѓе знаеле како да најдат работа и да заработат во странство, знаат и како да направат парите воопшто да не влезат во земјава. Знаат они како да отворат сметки во Косово, Бугарија, Грција... или пејпал и слични алтернативи. Ова значително ќе ги намали ефектите од мерката во буџетот.

Трето: Очекуваниот ефект од воведувањето на прогресивен данок е 25 милиони евра повеќе приходи во буџетот. Знаете што се 25 мил. евра за државен буџет?! Ништо, како кога ќе ви вратат мастика место кусур, ете толку се. Да менуваш даночна политика на штета на граѓаните, за да постигнеш ваков минорен фискален ефект, според мене е неразумна мерка. Истиот ефект, ако не и поголем, ќе се постигне ако се воведе подобра контрола на наплатата на ДДВ во деловите од државата каде фискална сметка се’ уште е научна фантастика. Или, со маааалку подомаќинско работење. Што ме води до...

Четврто: ...како се трошат вашите пари (слоган од кампања во времето кога Груевски беше министер за финансии). Не верувам дека некој има против да праќа даноци ако гледа дека за тоа од државата добива соодветна против вредност – подобри патишта, подобро здравство, подобро образование. Да ми извините, ама колку пари од буџетот одат на луѓе што земаат плата и не одат на работа? Или за плати на оние зилион измислени агенции и управи во кои се вдомени партиски крлежи? Или за „да-не-е-многу-5%?“ тендери? Сигурно повеќе од 25 мил.

Е затоа е овој револт што се ствара кај сите што некако успеале, со свој труд, со свој ум, да отскокнат од партиската биртија во што се претвори државава и да си најдат работа со која ќе заработуваат онолку колку што нивниот труд вреди во пристојни земји. Или што крваво успеале тие пари да ги заработат дома.“

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари вели дека нема дефинитивен договор околу поделбата на ресори меѓу ВМРО – ДПМНЕ и „Вреди“

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари вели дека нема дефинитивен договор околу поделбата на ресори меѓу ВМРО – ДПМНЕ и „Вреди“

НАЈЧЕВСКА: Ситни и покрупни националисти ја прават Македонија анахроно место на живеење

НАЈЧЕВСКА: Ситни и покрупни националисти ја прават Македонија анахроно место на живеење

ТАРАВАРИ: Колку министерства ќе води „Вреди“ е рано да се каже

ТАРАВАРИ: Колку министерства ќе води „Вреди“ е рано да се каже

МИЦКОСКИ: Ќе има прегласување во изборната единица 5, очекуваме уште еден пратеник таму

МИЦКОСКИ: Ќе има прегласување во изборната единица 5, очекуваме уште еден пратеник таму

MИЦОТАКИС ДО СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Jа повикуваме новата претседателка да избегне слични незаконски и провокативни постапки

MИЦОТАКИС ДО СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Jа повикуваме новата претседателка да избегне слични незаконски и провокативни постапки

КРМОВ: ДПМНЕ со АПСОЛУТНО мнозинство НЕМА да го раководи Собранието!

КРМОВ: ДПМНЕ со АПСОЛУТНО мнозинство НЕМА да го раководи Собранието!

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

„ВРЕДИ“ НА СРЕДБА СО КУРТИ: Загрижувачко е руското и српското влијание

„ВРЕДИ“ НА СРЕДБА СО КУРТИ: Загрижувачко е руското и српското влијание

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража