БРАТОТ НА УБИЕНИОТ РИБАР ТВРДИ: Немаме никакво земјиште во близина на Смилковско езеро, еден ден ќе го дознаеме нарачателот
Објавено во: Македонија 08 Февруари, 2021 14:22
Немаме земјиште во близина на Смилковско езеро. Јас ги имам документиоте од моите родители за целиот имот што го поседуваат, такво зем,јиште нема, ниту јас пшаметам дека некогаш сме имале такво земјиште.
Ова во вечерашната емисија Во Центар, во трогателно интервју, го зборува Цветан Стевковски, братот на рибарот Борче Стевковски, кој беше една од петте жртви на случајот Монструм или петкратното убиство кај Смилковското езеро.
Во интервјуто се разговара за новите сознанија, и колку се тие точни, поврзани со мотивите и нарачателите на оваа грозоморно петкратно убиство кое се случи пред девет години.
Стевковски негира дека мотивот за овој случај е земјиштето околу Смилковско езеро кое наводно било во нивна сопственост.
Фактор пренесува дел од ова интервју.
„Кај мојот брат има убиство без сведоци. Претпоставувам дека тоа е некоја голема игра, голема политика“, вели братот на Стевковски.Дали наредниот или понаредниот ден, како што раскажува во интервјуито на Во центар, побарал да го види убиениот брат во капела.
„Беше во една соба. Беа сите четири дечиња и мојот брат, беа ставени во лимени сандуци, и покриени со бел чаршав. Тогаш го видов брат ми, но не можев да го познаам, бидејќи сликата беше страшна. Половина глава ја немаше... Од пукањето... Левото око го немаше, нагмеченост... Не можев да го препознаам. Тоа значи дека од блиску пукано, дали со пиштол или со калашњиков, јас мислам со 762. Го познав по тетоважата на левата рака, откако провев го тргна чаршавот. Ги видов и телата на дечињата, кај дел од нив видов изживување, горени со цигари по рацете и нозете.
Одлучивме со другиот брат, кој е сега покоен, да го закопаме во затворен сандак, да го паметат како што го знаат роднините и пријателите. Не дозволивме ни мајка ми и татко ми да го видат. Го закопавме со слика на сандукот“, со солзи раскажува Стевковски.
Не знам како да ги наречам убијците со поинаков збор освен монструм.
Тој вели дека за петкратното убиство сигурно има и мотив и нарачател.
„Нарачателот не го знаеме, а мислам дека еден ден ќе го дознаеме, дај боже да е што побргу да го дознаеме, ќе ни олесни на сите“, вели братот на убиениот рибар.
На прашањето дека имаше објава на фејсбук, каде приказната се прикажува во поинакво светло, односно ако досега беше дека се атакувани децата, сега е дека метата бил рибарот, а децата биле во погрешно време на погрешно место, а сега има приказна дека семејството на рибарот, наводно, биле сопоственици на едно земјиште кај Смилковско езеро и дека наводно таму треба да се гради одредена луксузна населба и дека само неговиот покоен брат не дал согласност и затоа е нарачано негово убиство, Стевковски со дециден одговор.
„Откако сум роден не паметам дека имаме такво земјиште на тоа место, ниту таму сме оделе да работиме. Немаме никаква врска со Смилковско езеро. Од наша страна, ние немаме никаква врска со Смилковско езеро, да имавме, како деца ќе сме оделе таму. Се што имаат моиоте родители имот, јас го имам во документите. Тука не постои никаде Смилковско езеро. Нема ништо.
Најблиску земја до тоа место имаме лозје, 500 прачки, но тоа е авионско мерење оддалеченост три километри од Смилковскио езеро“, вели братот на убиениот рибар Цветан Стевковски.
Можеби ќе ве интересира
САШКО ЈАНЧЕВ ИЗБРАН ЗА НОВ ЧЛЕН НА ПРЕЗИДИУМОТ НА ЛЕВИЦА - партијата ќе се фокусира на претстојните локални избори

СНЕЖНА ИДИЛА НА БРЕГОТ НА ОХРИДСКОТО ЕЗЕРО - еве како беше по обилните врнежи (ВИДЕО)

МАКСИМ ДИМИТРИЕВСКИ СЕ ОГЛАСИ СО ПОРАКА: ЗНАМ ќе има свој кандидат за градоначалник на Куманово, владиното мнозинство е стабилно

ОБЛЕЧЕТЕ СЕ УБАВО, ДЕНЕСКА ЌЕ ДУВА СИЛЕН ВЕТЕР - температурите под просекот, еве што не очекува оваа работна недела

Филипче: Ова е доказ дека нашите членови веруваат во исправноста на политиките кои ги водиме

ЦЕЛОСНО ЗАТВОРЕН ПАТОТ СТРУГА - ЌАФАСАН: снегот го отежна патувањето низ Македонија, задолжително понесете зимска опрема
ЗАТВОРЕНИ ГЛАСАЧКИТЕ КУТИИ ВО СДСМ - Филипче останува на кормилото на најголемата опозициска партија

„И ВО ОВИЕ БОЛНИ МИГОВИ, НЕКОЈ УСПЕА ДА ГО ПОДЕЛИ НАРОДОТ“: без марш, само собир и почит кон настраданите - организаторите бараат правда за сите

„ТРЕБА ДА ИМ ЗАБРНАТ И ПЕШКИ ДА ОДАТ, А НЕ КОЛА ДА ВОЗАТ“ - остри критики по апсењето на возачи во високо ниво на алкохол во крвта
