БРАВО ЦУК! – УСПЕШНО СПАСЕНИ НЕКОЛКУ МАЛОЛЕТНИЦИ: Биле заглавени во завеаното село Рајчани
Објавено во: Македонија 12 Јануари, 2025
Центарот за управување со кризи (ЦУК) објави дека акцијата за спасување на шест лица, кои беа заглавени поради обилниот снег во село Рајчани, Општина Кочани, е успешно завршена.
„Во 09:53 преку број за итни повици 112 добиена е пријава за 5 малолетни лица и 1 возрасно лице кои поради обилните снежни врнежи се заглавени во с. Рајчани, Општина Кочани и не можат да се симнат во Кочани“, соопштија од ЦУК.
По добивањето на пријавата, веднаш беше активирана координирана акција со СВР Штип, Полициската станица Кочани, лицето за контакт од Општина Кочани, градоначалникот и Доброволната спасителна служба Осогово.
Благодарение на брзата реакција и соработката на сите инволвирани страни, сите шест лица се успешно извлечени. Според информациите, тие се во добра состојба, а акцијата заврши без дополнителни компликации.
Обилните снежни врнежи продолжуваат да предизвикуваат проблеми низ земјата. Граѓаните се советуваат да избегнуваат непотребни патувања, особено во критичните региони каде што временските услови се најлоши.