12 Јануари, 2025
0.0250

ГРУБИ ЈАДЕЛ ЌЕБАПИ ЗА 20.000 ЕВРА: Актуелниот министер Иван Стоиљковиќ открива високи сметки што ги плаќало министерството

Објавено во: Македонија 12 Јануари, 2025

Добивај вести на Viber

Околу 20.000 евра биле потрошени за нарачки храна од две ќебапчилници во периодот кога со Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците раководел Артан Груби, откри актуелниот министер Иван Стоилковиќ, пишува денеска Плус Инфо.

– Има фрапантни сметки од 20.000 евра за две ќебапчилници и неверојатни, секојдневни и огромни сметки за кафани и кафулиња – изјави Стоилковиќ.

Според податоците од Бирото за јавни набавки, во 2023 година Министерството спровело тендер за угостителски услуги, на кој биле избрани две компании. Вкупниот износ на зделката бил 1.180.000 денари (приближно 20.000 евра). Најголемиот дел од средствата – 944.000 денари – биле доделени на компанијата „Пчела Ш.Е.Љ.“, која управува со ќебапчилница и барбекју бар во Старата скопска Чаршија.

Според достапните информации, „Пчела“ испорачала храна во вредност од 532.037 денари, додека втората избрана фирма, „Далма кетеринг“, не реализирала ниту една фактура од предвидените 220.000 денари.

Министерството ги затворило тендерските обврски и ги пријавило како реализирани на 18 април 2023 година, само шест дена пред првиот круг од изборите. Тендерот бил склучен на 15 март истата година и требало да заврши најдоцна на истиот датум, но наместо тоа, зделката била официјализирана еден месец подоцна.

На 21 април 2024 година, на три дена пред избори, бил склучен нов договор на истата сума од 1.180.000 денари помеѓу Министерството и „Пчела“. Неколку месеци подоцна, на 14 јуни, биле исплатени две сметки до истата фирма, во износ од 41.660 денари и 16.852 денари, за вкупно 150 порции телешки ќебапи.

Стоилковиќ најави дека во моментов се спроведува ревизија на трошоците во Министерството и дека резултатите ќе бидат разгледани на затворена владина седница.

– Сметките за ќебапи и кафани се само врвот на ледениот брег – нагласи Стоилковиќ, потенцирајќи дека деталниот извештај ќе биде доставен на разгледување пред Владата.

Овие податоци фрлаат сенка врз користењето на јавните финансии во претходниот мандат на Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците, додека јавноста со нетрпение го очекува извештајот од ревизијата.


Можеби ќе ве интересира

БРАВО ЦУК! – УСПЕШНО СПАСЕНИ НЕКОЛКУ МАЛОЛЕТНИЦИ: Биле заглавени во завеаното село Рајчани

БРАВО ЦУК! – УСПЕШНО СПАСЕНИ НЕКОЛКУ МАЛОЛЕТНИЦИ: Биле заглавени во завеаното село Рајчани

ЗА ПОФАЛБА – РАСЧИСТЕН АВТОПАТОТ „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“, КАМИОНИ СО СОЛ СЕ ПОСТОЈАНО ПРИСУТНИ: „Се вози без поголеми проблеми кон Скопје“

ЗА ПОФАЛБА – РАСЧИСТЕН АВТОПАТОТ „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“, КАМИОНИ СО СОЛ СЕ ПОСТОЈАНО ПРИСУТНИ: „Се вози без поголеми проблеми кон Скопје“

МАЧНО Е ДА СЕ ВОЗИ НА ПАТОТ РАДОВИШ-ШТИП, УШТЕ ПОСТРАШНО СТРУМИЦА-БУЧИМ: Снегот е целосно неисчитен, се создаваат колони возила

МАЧНО Е ДА СЕ ВОЗИ НА ПАТОТ РАДОВИШ-ШТИП, УШТЕ ПОСТРАШНО СТРУМИЦА-БУЧИМ: Снегот е целосно неисчитен, се создаваат колони возила

ТЕШКА МЕХАНИЗАЦИЈА ВКЛУЧЕНА ЗА РАСЧИСТУВАЊЕ НА ПАТИШТАТА ОД СНЕГ: Подмрзнат автопатот „Пријателство“ кај Миравци

ТЕШКА МЕХАНИЗАЦИЈА ВКЛУЧЕНА ЗА РАСЧИСТУВАЊЕ НА ПАТИШТАТА ОД СНЕГ: Подмрзнат автопатот „Пријателство“ кај Миравци

„ДАУТИ НЕ Е ДОСТОЈНА ДА ЈА ИЗВРШУВА ФУНКЦИЈАТА“: Мора итно да биде разрешена, бара Левица

„ДАУТИ НЕ Е ДОСТОЈНА ДА ЈА ИЗВРШУВА ФУНКЦИЈАТА“: Мора итно да биде разрешена, бара Левица

НЕЛЕГАЛНИ АКТИВНОСТИ ОКОЛУ БУГАРСКИТЕ ПАСОШИ: Македонци со фиктивни адреси

НЕЛЕГАЛНИ АКТИВНОСТИ ОКОЛУ БУГАРСКИТЕ ПАСОШИ: Македонци со фиктивни адреси

СИЛЕН МРАЗ ОД УТРЕ, ЌЕ БИДЕ И ПОД -15, И СКОПЈЕ Е ПОД СНЕГ: Стигна вистинската зима

СИЛЕН МРАЗ ОД УТРЕ, ЌЕ БИДЕ И ПОД -15, И СКОПЈЕ Е ПОД СНЕГ: Стигна вистинската зима

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Обвинителството не дало амин за условен отпуст за Мијалков

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Обвинителството не дало амин за условен отпуст за Мијалков

ЗА МОСТОТ КАЈ БАШИНО СЕЛО: Извршени се дополнителни испитувања

ЗА МОСТОТ КАЈ БАШИНО СЕЛО: Извршени се дополнителни испитувања