19 Декември, 2025
0.0499

Брегалница во Штип на критично ниво

Објавено во: Мои пари 04 Мај, 2014 18:14

Добивај вести на Viber

Откако нивото  на реката Брегалница стана критично  во Штип,  општината побара ЈП Водостопанство „Брегалница“ да го вклучи десниот магистрален канал и водата за наводнување да тече кон Овчеполието за да не дојде до излевање на реката во штипскиот регион. - Попладне очекуваме нов воден удар. Ќе ја следиме состојбата со акумулацијата Калиманци. Инсистираме да се пушти десниот магистрален канал, водата  да тече кон Овчеполието за да го избегнеме делот на Штип. Проблем имаме и со Лакавица. Иако ја уредуваме реката ланската година и направивме комплетно регулирање на нејзиното корито, однесен е делот од патот меѓу селото Лакавица и Пухче. Нашите машини се веќе таму зашто населението е отсечено од цивилизацијата. Проблематично е и течението на Лакавица од 11 до 13 километар каде што има вили во кои живеат повеќе семејства, изјави градоначалникот на Штип Илчо Захариев. Според него, со регулацијата на реката Отиња во центарот на Штип што е решено од страна на општината, нема излевање на оваа река. Злетовска река утрово повторно  се излеа кај селата Новоселани и Лепопелци. Механизацијата ангажирана од Општина Чешиново-Облешево веќе работи на санација на коритото за да се повлече водата од земјоделските површини.

Можеби ќе ве интересира

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА

МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство

И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА

И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација

Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација

Минт Кредит - Роденденска акција што носи подарок

Минт Кредит - Роденденска акција што носи подарок

Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка

Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка