БРЕГЗИТ НЕ ИМ МОЖЕ НИШТО: Британските милионери уште побогати-кој има најмногу?
Објавено во: Финансии 08 Мај, 2017 11:12
И покрај Брегзит, вкупното богатство на илјада најбогати поединци и семејства кои живеат во Велика Бртианија пораснало за 14 отсто во текот на минатата година и достигнало 658 милијарди фунти (777 милијарди евра), ја пренесе вчера својата годишна листа Сандеј тајмс.
За споредба, просечната плата во Велика Британија пораснала пет отосто во период од околу десет години, според статистички податоци.
„Очекувавме референдумот да има ефект на студен туш, но тоа не се случи“, наведува Сандеј тајмс повикувајќи се на последиците од референдумот за излез на Британија од ЕУ одржан на 23 јуни лани кога повеќето Британци одлучија таа земја да го напушти европскиот блок.
„Додека се грижевме за последиците од референдумот, бројни најбогати луѓе во Кралството останале смирени и продолжиле да заработуваат милијарди“, наведува весникот.
Во текот на изминатите година дена 19 милијардери го зголемиле своето богатство за повеќе од милијарда фунти.
Најмногу заработил индискиот бизнисмен Лакшими Митал, чие богатство се зголемило за 6,1 милијарда и достигнало 13,2 милијарди фунти.
На списокот од илјада најбогати во Британија има вкупно 134 милијардери, што е 14 повеќе од 2016 година, двајца активни спортисти, 20 поп ѕвезди, 38 аристократи, и 130 жени, наведува Сандеј тајмс.
На врвот на листата најбогати со имот од 16,2 милијарди фунти се браќата Сри и Гој Хиндуџа, кои вложуваат во недвижнини, здравство, нафта и гас, од меѓународниот конгломерат „Хиндуи Груп“.
Пеачката Адел е на списокот со 125 милиони фунти. Со имот од по 110 милиони фунти на списокот најбогати исто така се и легендарниот гитарист на Пинк Флојд Дејвид Гилмор, фудбалерот на Манчестер јунајтед Златан Ибраимовиќ и писателката на „Педесет нијанси сиво“, И.Ел.Џејмс.
Иако богатството на кралицата Елизабета Втора е проценето на 360 милиони фунти со зголемување од 20 милиони фунти за година дена, таа паднала десет места на списокот и сега се наоѓа на 329 место од 1000 најбогати.
Условот да се влезе на листата најбогати 1000 е да се има богатство од најмалку 110 милиони фунти, во однос на 15 милиони фунти колку што било потребно во 1997 година.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“
„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!
ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено
„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори
РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција
Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави
АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката





