18 Декември, 2025
0.0442

„Brexit“ е најголемиот ризик за европската економија

Објавено во: Економија, Свет 27 Мај, 2016 12:04

Добивај вести на Viber

Гласање на Британците за излез од ЕУ на претстојниот референдум е еден од најголемите ризици за европската економија, предупреди претседателот на Еврогрупата Јерун ДеИселблум, цитиран од Reuters.

„Brexit“ е очигледен ризик и би претставувал еден од најголемите ризици за нашата економија, изјави тој по состанокот на министрите за финансии од еврозоната.

Деиселблум истакна дека гледа ризици најмногу за економијата на Велика Британија, но додаде дека е исто така „загрижен“ за можни негативни ефекти врз европската економија како целина, особено што се однесува за 19-те земји членки на еврозоната.

Голем број економисти велат дека британското повлекување од Унијата би создало несигурност за идните трговски договори, што би можело да гИ одложи инвестициите како на Островот, така и во Европа.

Покрај тоа новите бариери во трговијата меѓу Велика Британија, која во моментов е втората по големина економија во ЕУ, и остатокот од единствениот блок може да го намалат економскиот раст на Стариот континент.

Официјални претставници и дипломати од ЕУ веќе почнаа доверливи дискусии, со цел подготовка за координиран одговор на евентуален гласање за „Brexit“ на британскиот референдум следниот месец. Во нив учествувал и шефот на кабинетот на претседателот на ЕК, тврдат извори на Reuters.

Веројатноста за излегување на Британија од ЕУ порасна во последните неколку дена, со оглед на анкети, кои веќе покажаа израмнети сили и дури лесна надмоќ на Британците кои би го поддржале сценариото „Brexit“.

Според последните податоци на агенција BMG 45% од Британците би гласале за напуштање на Унијата, наспроти 44% кои инсистираат Британија да остане во рамките на ЕУ и 12% кои се уште не одлучиле како ќе гласаат на референдумот на 23-ти јуни .

Слични резултати беа земени и од објавени студии на агенциите YouGov и ICM.

Онаа на YouGov покажа дека 41% од гласачите во Велика Британија би гласале на референдумот за останување и за напуштање на ЕУ, додека 12% од Британците се уште не одлучиле како ќе гласаат.

Според ICM по 45% од гласачите во Велика Британија ќе поддржуваат како „Brexit“, така и останување во рамките на Унијата, а 10% од испитаниците сеуште немаат идеја како би гласале по помалку од еден месец.

Резултатите се прилично изненадувачки, откако серија претходни студии даваа предност на гласовите поддршка за останување во ЕУ.

Можеби ќе ве интересира

Германија ги заострува условите за социјална помош

Германија ги заострува условите за социјална помош

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?

Забави растот на платите во повеќе европски земји

Забави растот на платите во повеќе европски земји

Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?

Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?

Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка

Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје