Добивај вести на Viber
Голем транспарент, што се протега на 13 ката и со кои и се посакува добредојде на Хрватска како идна членка на ЕУ, е поставен денеска на дел од зградата на Европската комисија во Брисел.
На транспарентот на четити јазици е испишан поздравот „Добредојде, Хрватска!“ и датумот 1 јули 2013 година, кога земјата и официјално ќе стане 28-та земја-членка на Европската унија.
Поздравот е поставен точно под конференциската сала, каде еднаш неделно заседаваат сите еврокомесари. Вообичаено на овој дел од зградата на Еврокомисијата, што гледа кон плоштадот „Сенкантенер“, се поставуваат плакати поврзани со главната политика на ЕУ.
Фото HRT