19 Декември, 2025
0.0618

БРИСЕЛ ПОВТОРНО ГО ПРИТИСКА ИВАНОВ: Кризата закана за цел Балкан, ЕУ лидерите во трка со Русија!

Објавено во: Македонија 11 Март, 2017 11:24

Добивај вести на Viber

Брисел повторно ги повика сите политички претставници во земјава, вклучувајќи го и шефот на државата Ѓорге Иванов, да го почитува изборниот резултат и во согласност со Уставот и јасното парламентарно мнозинство кое ќе овозможи демократски процес и покренување на суштинските реформи.

Тоа е последната порака од Брисел која ја испорача портпаролката на ЕК Маја Коцијанчиќ, истакнувајќи дека оваа порака на Скопје му ја испрати и шефицата на европската дипломатија Федерика Могерини.

Тоа, воедно е и одговор на Брисел на писмото на претседателот Иванов, со кое тој ја повика ЕУ да ја осуди и отфрли платформата на албанските партии, која е главна пречка поради која претседателот не сака мандатот за состав на нова влада да му го додели на лидерот на СДСМ.

„Го повикуваме претседателот Иванов да ја разгледа својата моментална позиција како би се овозможило формирање на нова влада“, наведува Коцијанчиќ.

Таа меѓутоа, ни на кој било начин не ја коментираше платформата на албанските партии, освен што рече дека секоја владина програма треба да биде во рамки на Уставот.

„Чекаме броз формирање на влада која ќе мора да се занимава со спроведување на останатите реформи. Ние и понатаму ќе инсистираме да се спроведат сите точки од Пржинскиот договор и итните реформски приоритети. Ова е од суштинско значење за обнова на земјата и нејзиниот пат кон ЕУ, што сакаат и заслужуваат сите граѓани на Македонија“, наведе Коцијанчиќ.

ЕУ ги отвора подзатворените врати кон Балканот

Хаосот во Македонија претставува закана за целиот Балкан, оценува пак германската агенција ДПА.

Она што е уште полошо-решение нема ни на видик. Државата нема влада, а парламентот е обезглавен. Сега се откажани и локалните избори, а градоначалниците и советите во мај ќе мора да отстапат од функциите, а немаат наследници.

На последниот самит на европските лидери од четвртокот вечерта беа упатени пораки дека тие го ставаат членството на земјите од Балканот високо на дневниот ред за да покажат дека, и покрај етничките тензии, реформски ориентираните земји од Западен Балкан би можеле да бидат добредојдени како членки.

Тоа значи дека ЕУ полека ги отвора подзатворените врати на Балканот, а пораките доаѓаат во време кога Русија вниманието го насочи на регионот и се обидува да го зголеми влијанието.

Претседателот Доналд Туск прати децидна порака дека  Брисел целосно е посветен на стабилноста и просперитетот на Балканот.

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица

Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината