Три автобуси на ЈСП се запалија за шест месеци, директорот се сомнева во можни диверзии
Објавено во: Македонија 25 Јануари, 2025
Автобусот на ЈСП денеска во Сопиште изгорел за само неколку минути, а директорот Драги Кушовски не ја исклучува можноста за некаква намерна „диверзија“, бидејќи во последните шест месеци изгореан три вакви превозни средства на јавното претпријатие.
Патниците бегајќи во паника од „58-цата“ која горела, ги оставиле своите лични работи како торбите од пазар, а на возачот му се слошило и бил пренесен со брза помош во болница. Кушовски потврди дека возачот се задушил од вдишан чад
- Најверојатно станува збор за палење на електричната инсталација. Увидот е завршен од полицијата, се чекаат вешти лица за точните причини, рече Кушовски во вестите на Телма.
Пожарот започнал од моторот, а возачот бил предупреден од комбе кое возело одзади. Следувале експлозии и непријатна миризба од задниот дел на автобусот.
Претхпдно два автобуси на ЈСП изгореа во Бутел и во Транспортен центар кај главната железничка станица.