ПРОМЕНЛИВО ОБЛАЧНО СО СОНЧЕВИ ПЕРИОДИ И МАГЛА - еве какво време не очекува на почетокот на работната недела

Објавено во: Македонија 26 Јануари, 2025
Врмето во земјва и денеска се очекува да биде слично на вчерашното. Синоптичарите најавуваат променливо облачно време со сончеви периоди. Сеапак, во котлините повторно се очекува магла и ниска облачност.
Како што соопштуваат од Управата за хидрометеоролошки работи, слаб ветер може да се очекува долж Повардарието од јужен до југоисточен правец.
Во Скопје, променливо облачно, наутро со магла и претежно тивко.
Слично време ќе се задржи и од почетокот на следната работна недела. И во понеделник се очекува претежно сончево време, со мала до умерена локална облачност и со слаб променлив ветер.
И понатаму се очекува магла по котлините.
Во наредните денови ќе продолжи периодот на стабилно, а особено на повисоките места и на планините и релативно топло време. Висината на снежната покривка позначително ќе се намалува од средината на следната недела. Повремени врнежи од дожд претежно во западните делови ќе има во среда.
Можеби ќе ве интересира
Семејството на Фросина го предводеше протестот: „Валкани пари - смртни последици“

Мицкоски и Муцунски купија по некој совет од Папандреу во Минхен

Претепан полициски началник во дискотека во Кавадарци, две лица во притвор

Малолетен Косовец со „ауди“ прегази двајца тинејџери во Шуто Оризари

Струмичанец загина во сообраќајка со камион од Украина

ДУИ бара ослободување за Емин Бајрами: Косовски државјани патуваат несигурно во Македонија

Румен Радев: Не прифаќаме измени на актуелните договори со Северна Македонија
