08 Октомври, 2024
0.0355

Бришела анти-албански графити и добила казна од МВР

Објавено во: Македонија 08 Август, 2019

Добивај вести на Viber

Анти-албанските графити со говор на омраза како „Смрт за ш.....и“ и слични ги бришела на стамбените згради и ги заменувала со мирољубиви пораки, но добила казна од МВР за узурпација на просторот.  Во реакција на својот Фејсбук, Гордана Пирковска Змијанац вели дека побарала помош од полициската станица Ѓорче Петров, но наместо  да ја поддржат, тие ја осудиле дека допишувала зборови.

Во документот што го прими се наведува дека постои повреда на регулативата со која се уредува однесувањето со употребата на јавни згради и други објекти и казната за тоа е  од 100 до 400 евра. Таа вели дека имала идеја да испрати мирољубива порака, надевајќи се дека правдата ќе победи и дека МВР ќе ја повлече прекршочната пријава.

„Не можам да ја опишам мојата вчудоневиденост кога утрово бев известена дека против мене е поведена прекршочна постапка поради ,,...оневозможување за користење или оштетување на јавни згради, јавни чешми, извори, плажи, паркови или други јавни објекти и инсталации.“ Понатака се вели дека ,,на наведената дата, време и место, со спреј, на ѕидот од зградата сум испишувала графити со содржина ,,смрт за омразата, љубов за сите“, што не е во потполност точно туку на претходно напишаната порака со говор на омраза: ,,смрт на шиптарите“, го избришав зборот ,,шиптарите“ а допишав: ,,омразата“ и ,,љубов за сите“. Зошто во известувањето не е наведено дека јас сум избришала говор на омраза и на местото со навредувачка содржина сум допишала мирољубива порака?“, вели таа во дел од својот статус.

Можеби ќе ве интересира

ДСЗИ ОБЈАВИ ИЗВЕШТАЈ ЗА ПОЧИНАТОТО БЕБЕ: Двапати го носеле на Детската клиника

ДСЗИ ОБЈАВИ ИЗВЕШТАЈ ЗА ПОЧИНАТОТО БЕБЕ: Двапати го носеле на Детската клиника

ИЗБРАНИ ПОРТПАРОЛИ ВО ВЛАДАТА: Оваа функција ќе ја извршуваат Митева и Љатифи Азизи

ИЗБРАНИ ПОРТПАРОЛИ ВО ВЛАДАТА: Оваа функција ќе ја извршуваат Митева и Љатифи Азизи

УАПСЕН Е КОСОВСКИ ДРЖАВЈАНИН: Се сомничи дека го подметнал пожарот во општинската зграда во Тетово

УАПСЕН Е КОСОВСКИ ДРЖАВЈАНИН: Се сомничи дека го подметнал пожарот во општинската зграда во Тетово

Се работи на нови решенија во спорот со Бугарија

Се работи на нови решенија во спорот со Бугарија

ТЕШКА СООБРАЌАЈКА ВО КАВАДАРЦИ - повреден 20-годишен возач на мотоцикл

ТЕШКА СООБРАЌАЈКА ВО КАВАДАРЦИ - повреден 20-годишен возач на мотоцикл

Протест против леарница за алуминиум во Ново Село: Таткото на градоначалникот е изведувач на објектот

Протест против леарница за алуминиум во Ново Село: Таткото на градоначалникот е изведувач на објектот

Тачи: Јас бев главен преговарач за Европскиот фронт, ВМРО-ДПМНЕ веднаш одбија

Тачи: Јас бев главен преговарач за Европскиот фронт, ВМРО-ДПМНЕ веднаш одбија

„КАКВА ВРСКА ИМА ПРОМЕНА НА ИМЕ, ЗНАМЕ, УСТАВ СО КОПЕНХАШКИТЕ КРИТЕРИУМИ“: Мицкоски дециден - премногу отстапки кон Бугарија направивме

„КАКВА ВРСКА ИМА ПРОМЕНА НА ИМЕ, ЗНАМЕ, УСТАВ СО КОПЕНХАШКИТЕ КРИТЕРИУМИ“: Мицкоски дециден - премногу отстапки кон Бугарија направивме

„СРЕЌНА 50-КА ДРУЖЕ ЗОРАНЕ“: Зоран Заев слави јубилеен роденден

„СРЕЌНА 50-КА ДРУЖЕ ЗОРАНЕ“: Зоран Заев слави јубилеен роденден