18 Декември, 2025
0.4883

Британија: Европа катастрофално ја протолкува Русија

Објавено во: Свет 21 Февруари, 2015 11:38

Добивај вести на Viber

Британската влада и европските дипломати без потребно знаење влегоа во украинската криза и катастрофално лошо го протолкуваа расположението во Европа пред судирите со Русија, се наведува во извештајот на Одборот за ЕУ на Домот на лордовите на британскиот парламент.

Во извештајот се наведува дека министрите за надворешни работи на Велика Британија и другите членки на ЕУ биле лошо подготвени за „авторитативен одговор“ на кризата, а дел и поради отсуството на експертско познавање за Русија.

„Британската Влада не била активна или видлива по тоа прашање колку што можела“ се наведува во извештајот.

Британското министерство за надворешни работи соопштило дека никој не можел да го предвиде обемот на „неоправдлива и илегална“ руска интервенција на истокот од Украина и дека одлуката е на украинскиот народ дали сака поблиски врски со Европската унија.

Членовите на Одборот за Европска унија на Домот на лордови наведуваат дека Европската унија предолго била оптимистична по повод демократскиот развој на Русија, поради што не успеала да ја сфати длабочината на руското непријателство кога почнала разговори за Укрина во 2013 година.

Поранешниот британски командант во НАТО Ричард Ширеф во почетокот на овој месец рекол дека премиерот Дејвид Камерон поради недејствувањето на прашањето за Украина е „надворешно-политички неважен“.

Можеби ќе ве интересира

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел