БРИТАНИЈА ИЗНЕНАДИ: Ова е необично стабилно
Објавено во: Свет 15 Август, 2017
На годишно ниво малопродажните цени во Велика Британија се зголемени за 2.6%.
Тоа е помалку од очекуваната инфлација, соопшти британската статистичка служба.
Економистите очекуваат раст од 2.7%, а инфлацијата според најновите проценки ќе биде над 2%.
Инфлацијата нагло порасна лани по гласањето за излез од ЕУ, по што следеше пад на фунтата.
Потоа цените на стоките кои се увезуваат пораснаа.
Растот на цените го надмина растот на заработката, а со тоа падна стандардот на Британците.