01 Октомври, 2023
0.0339

Британска образовна доктрина инкорпорирана во одделите за Хуманистички науки и Психологија на СИТИ Колеџ, Европскиот кампус на Универзитетот Јорк

Објавено во: Мои пари 08 Јуни, 2023

Добивај вести на Viber

Во време на многу одлуки за изборот на високото образование, една од суштинските прашања на кои идните студенти треба да добијат одговор е што добиваат со уписот на одреден универзитет, каква диплома и применливо знаење што веднаш може да ги позиционира на глобалниот пазар на трудот. Во богатата понуда за високо образование, неговиот квалитет и применливоста е најмногу ценето и барано меѓу младите но добро информирани нови студенти.

Универзитет каде квалитетот на образованието највисоко се цени е СИТИ Колеџ Европскиот кампус на Универзитетот Јорк. Оваа меѓународна образовна институција е единствена во регионот која што им овозможува на студентите да имаат директен пристап до врвното британско образование. Претставува интегриран ентитет на Универзитетот Јорк и во својата образовна концепција ја применува доктрината на британското образование. Ги поврзува академските, истражувачките, националните и корпоративните мрежи низ целиот регион.

СИТИ Колеџ, Европскиот кампус на Универзитетот Јорк, го прават посебен и атрактивениновативните и разновидни дипломски и магистерски програми, кои според сведочењата на досегашните студенти се дизајнирани да ги опремат студентите со вештините и знаењата што им се потребни за да успеат во денешниот свет со брзо темпо и којшто постојано се развива

„Хуманистичките програми и студии на СИТИ Колеџим обезбедуваат на студентите можност да стекнат длабинско теоретско знаење, да работат на проекти од реалниот живот, приспособени на потребите на современиот пазар на труд, да изградат силен профил за вработување и да ги подобрат виталните професионални и вештини од 21 век преку различни можности за практикантска работа и волонтерство. Нашите искусни и високо квалификувани професори се посветени да им помогнат на студентите да го остварат својот целосен потенцијал и да ги подготват за успех во одбраната дисциплина“ според Д-р Вики Папахристу професор на Одделот за хуманистички науки.

Исто толку вреднуван е и Одделот за психологија, каде студентите што ќе дипломираат во прв циклус студии имаат право да станат членови на Британското психолошко друштво (BPS) и да ги искористат бројните придобивки од членството, како глобално признавање, вмрежување, пристап до стручната литература, високи стандарди во професионалната пракса, правна поддршка и многу повеќе.

А за тоа како се конципирани програмите, д-р Сузи Савиду, раководител на Одделот за психологија вели: „Програмата става значителен акцент на применетите знаења, преку активности на часовите и иновативно оценување како што се дневници и студии на случај, практични сесии во лабораторијата за невронаука и многу повеќе, помагајќи им на студентите да ги комбинираат теоријата и практиката. За време на нивните студии, на студентите им се нудат неколку можности да учествуваат во одделенски истражувања и практиканти за граѓански ангажман“.

Како ретко кој друг образовен центар, Одделот за психологија на СИТИ Колеџ има опремена лабораторија за неврофибек и ЕЕГ во просториите. Студентите можат да користат иновативни лабораториски технологии со напредна опрема и ресурси за нивните дисертациски проекти.

Освен овие две едукативни програми, СИТИ Колеџ за додипломски и постдипломски студии нуди и други атрактивните и компетитивни студиски дисциплини во одделите Бизнис администрација и економија, Компјутерски науки и Студии по англиски јазик и лингвистика. 

ПР-објава

Можеби ќе ве интересира

Ангел Анѓушев на Бизнис форум во Тирана: На компаниите од регионот им треба државна поддршка за технолошки напредок и јавни набавки кои се транспарентни и конкурентни

Ангел Анѓушев на Бизнис форум во Тирана: На компаниите од регионот им треба државна поддршка за технолошки напредок и јавни набавки кои се транспарентни и конкурентни

Заборски и Стојановиќ од „Макпетрол“ ќе се борат за бронза на светската карате лига

Заборски и Стојановиќ од „Макпетрол“ ќе се борат за бронза на светската карате лига

Нашата Камка Тоциновски во нова серија на Телеком Србија, уникатниот драмски трилер „Посета“

Нашата Камка Тоциновски во нова серија на Телеком Србија, уникатниот драмски трилер „Посета“

За помалку од еден час закажани и направени над 300 бесплатни кардио прегледи од Клиника Жан Митрев

За помалку од еден час закажани и направени над 300 бесплатни кардио прегледи од Клиника Жан Митрев

ФЕРО ИНВЕСТ ПОЧНА ДА ПРОИЗВЕДУВА ТРАФОСТАНИЦИ ЗА ЕЛЕКТРАНИ ОД ОБНОВЛИВИ ИЗВОРИ

ФЕРО ИНВЕСТ ПОЧНА ДА ПРОИЗВЕДУВА ТРАФОСТАНИЦИ ЗА ЕЛЕКТРАНИ ОД ОБНОВЛИВИ ИЗВОРИ

Бектеши во посета на млечната индустрија: Бимилк е една од општествено одговорните компании која ги намали цените и пред одлуката на Владата

Бектеши во посета на млечната индустрија: Бимилк е една од општествено одговорните компании која ги намали цените и пред одлуката на Владата

ЕДС Инфо поинт: Просечната цена на струјата на HUPX берзата денескa изнесува 105,85 евра за мегават час, на МЕМО 108,03 евра за мегават час

ЕДС Инфо поинт: Просечната цена на струјата на HUPX берзата денескa изнесува 105,85 евра за мегават час, на МЕМО 108,03 евра за мегават час

Водиме грижа максимално и навремено да ги задоволиме потребите на сите потрошувачи

Водиме грижа максимално и навремено да ги задоволиме потребите на сите потрошувачи

Шахистите на „Алкалоид“ петти во светот, сребрен медал за Недев на втората табла

Шахистите на „Алкалоид“ петти во светот, сребрен медал за Недев на втората табла