14 Мај, 2024
0.0348

Британската економија ќе ја надмине германската до 2028 година

Објавено во: Свет 26 Декември, 2013

Добивај вести на Viber

Велика Британија ќе ја надмине Германија како најбогата европска земја по само малку повеќе од 15 години . Според истата економска прогноза Кина се очекува да стане најбогатата нација во светот , одземајќи ја оваа титула на САД , до 2028 година. Прогнозите се на Центарот за економски и бизнис истражувања ( CEBR ) со седиште во Велика Британија , кој кон крајот на годината предвиде економската презентација на 30 - те најголеми земји во следните 5, 10 и 15 години . Според прогнозите на CEBR Индија ќе ја надмине Јапонија во 2028 година , за да стане третата најголема економија во светот . Бразил ќе ја надмине Велика Британија во 2023 година , кога ќе стане петтата најголема економија во светот . Како целина, според прогнозите Британија ќе е втората најдобра западна економија по САД . Ова ќе е и единствената голема западна економија која ќе се помести нагоре во ранг, за да стане петта најголема економија во светот во 2018 година , надминувајќи ја Франција . Потоа британската економија ќе се врати до седмото место во 2023 година откако ќе биде претекната од Индија и Бразил . До 2028 година британската економија се очекува да биде само за  3% помала од германската и најверојатно ќе ја претекне околу 2030 година. Според истражувањето Германија ќе падне во рангирањето на најголеми економии од четвртото место во 2013 до шестото во 2023 година. Падот на Франција во рангирањето ќе е уште поголемо - од петтото место во 2013 година до осмо во 2018 година , до 10 -то во 2023 година и на крајот до 13-то во 2028 година. Италија ќе се врати со неколку места во ранг од осмото во 2013 година до 15-тото во 2028 година , додека Шпанија од 13-тата најмногу поголема економија во 2013 година ќе стане 18 - тата нajголема во 2028 година. До 2028 година Кина веќе ќе е најголемата економија во светот , Индија ќе е третата најголема , а Мексико ќе влегла во првите десет под број 9 . Јужна Кореја и Турција ќе се на 11-то и 12-то место , односно , претекнувајќи ја Франција , според прогнозите на CBER . Симболите на новиот светски поредок Нигерија , Египет , Ирак и Филипините пак се влезени во 30 -те најголеми економии во светот.

Можеби ќе ве интересира

ОЛИМПИСКИ ИГРИ: Koлку ќе заработи Париз?

ОЛИМПИСКИ ИГРИ: Koлку ќе заработи Париз?

САКА ПОБЕДА ВО УКРАИНА СО МИНИМАЛНИ ЖРТВИ: Што друго планира новиот руски министер?

САКА ПОБЕДА ВО УКРАИНА СО МИНИМАЛНИ ЖРТВИ: Што друго планира новиот руски министер?

Бактериите отпорни на лекови можат да направат „Ковид-19 да изгледа ситно“

Бактериите отпорни на лекови можат да направат „Ковид-19 да изгледа ситно“

ВАКА ММФ ГО ГЛЕДА СВЕТОТ ДО 2026 ГОДИНА: Каде оди глобалната инфлација?

ВАКА ММФ ГО ГЛЕДА СВЕТОТ ДО 2026 ГОДИНА: Каде оди глобалната инфлација?

НОВИОТ ШЕФ НА КРИПТО ГИГАНТОТ ТЕТЕР СЕ ПОДГОТВУВА ЗА ГЛОБАЛНА АПОКАЛИПСА: Еве што се случува

НОВИОТ ШЕФ НА КРИПТО ГИГАНТОТ ТЕТЕР СЕ ПОДГОТВУВА ЗА ГЛОБАЛНА АПОКАЛИПСА: Еве што се случува

(ВИДЕО) ИМА УАПСЕНИ: Израелски демонстранти ja расфрлаа помошта за Палестинците

(ВИДЕО) ИМА УАПСЕНИ: Израелски демонстранти ja расфрлаа помошта за Палестинците

ДРЖАВА ВО САД СИ ГО СМЕНИ ЗНАМЕТО: Која е причината?

ДРЖАВА ВО САД СИ ГО СМЕНИ ЗНАМЕТО: Која е причината?

УКРАИНА УАПСИ РУСИ: Планирале серија терористички напади во Киев

УКРАИНА УАПСИ РУСИ: Планирале серија терористички напади во Киев

НОВИОТ РУСКИ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА: Имаме хаос, војниците кои се враќаат ги праќаат во преполни болници

НОВИОТ РУСКИ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА: Имаме хаос, војниците кои се враќаат ги праќаат во преполни болници