18 Декември, 2025
0.1255

Британската кралица повика на единство по референдумот во Шкотска

Објавено во: Свет 19 Септември, 2014 21:09

Добивај вести на Viber

Британската кралица Елизабета Втора ги повика граѓаните на Обединетото кралство на единство, да бидат заедно во духот на заемно почитување и поддршка. Ваквата порака ја упати откако вчера шкотските граѓани на референдумот гласаа против отцепување. Кралицата во моментов се наоѓа на својот имот во шкотското место Балморал и се обрати за да го прокоментира исходот на референдумот што се закани да ја подели заедницата стара 300 години, со која таа владее. „Познавајќи го народот на Шкотска, како што го познавам, немам сомнение дека Шкотите, како и другите во Обединетото Кралство, се во состојба без задршки да го изнесат своето мислење, а потоа повторно да бидат заедно во дух на заемно почитување и поддршка“, вели кралицата во писменото соопштение. Таа истакна дека по гласањето има силна чувства и поделени емоции, но со референдумот се победени сепаратистите. „Се е тоа во духот на демократската традиција каква што ужива оваа земја. Но немам сомнение дека таквите емоции на крајот ќе прераснат во разбирање за чувствата на другите луѓе“, порача 88-годишната кралица. Таа ги повика сите да работат на иднината на Шкотска и на сите делови на земјата, а вети дека монархијата ќе направи се за да помогне во оваа задача.

Можеби ќе ве интересира

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“