06 Октомври, 2024
0.0363

Бројот на членови во Втор пензиски столб лани се зголемил за 6,6% во однос на 2013

Објавено во: Економија 10 Јули, 2015

Добивај вести на Viber

 Денеска во просториите на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС), Претседателот на Советот на експерти на МАПАС, д-р Булент Дервиши одржа прес конференција на која накратко го презентираше деветтиот годишен Извештај за состојбите во капитално финансираното пензиско осигурување за 2014 година.

Извештајот кој се однесува на 2014 година содржи опис на карактеристиките на капитално финансираното пензиско осигурување, податоци за капитално финансираното пензиско осигурување, оценка на извршувањето на прописите во областа на капитално финансирано пензиско осигурување, детален опис на состојбите во задолжителното и доброволното капитално финансирано пензиско осигурување (т.н. втор столб и трет столб) и други податоци од значење за ова осигурување.

Дервиши информираше дека најзначајни измени годинава се направени во  правилниците кои ги уредуваат областите на инвестирање, на членство, надоместоци, агенти, маркетинг, итн. поради усогласување со измените на двата закона, потоа поедноставување на постапката за ажурирање на податоците на членовите и на пензионираните членови на пензиските фондови, заради воспоставување на нов систем за одржување на испити за агенти, како и поради промена на рокот за доставување на извештаите за пензиска заштеда, како и дека се изготвени и девет нови правилници со кои се доразработува фазата на исплата на пензии и пензиски надоместоци од капитално финансираното пензиско осигурување.

Понатаму, вклучени се податоци и информации за активностите на двете пензиски друштва во врска со нивното финансиско работење. Двете пензиски друштва ја завршиле 2014 година со позитивен финансиски резултат.

Извештајот покажува дека во 2014 година тековно се одвивале сите активности во вториот и во третиот столб. Имено зачленувањето на членовите во задолжителното капитално финансирано пензиско осигурување продолжи на редовна основа во текот на 2014 година и бројот на членови во вториот столб се зголеми за 6,6% во однос на 2013 година и изнесува околу 373.000 членови што претставува 70% од вкупниот број на осигуреници во Фондот на ПИОМ. Просечната возраст на членовите во вториот столб е 34 години.

Во текот на 2014 година, во вториот столб беа уплатени околу 4,5 милијарди денари, кои заедно со акумулираните средства беа инвестирани согласно законските прописи. Вредноста на средствата на задолжителните пензиски фондови, на 31.12.2014 година, во однос на 31.12.2013 година, порасна за 23% и достигна 33 милијарди денари или околу 537 милиони евра што претставува околу 6,28% од БДП на Република Македонија (РМ).

Инвестициското портфолио на задолжителните пензиски фондови се состои од домашни инвестиции кои вклучуваат државни хартии од вредност (58%), депозити (11%) и акции (3%), како и инвестиции во странство кои вклучуваат акции (5%) и удели на инвестициски фондови (22%).

Сметководствената единица и на двата задолжителни пензиски фондови забележала континуиран пораст во текот на 2014 година. Како резултат на работењето на задолжителните пензиски фондови во седумгодишниот период 2008 – 2014 беше остварен просечен годишен принос во номинален износ од 5,03%, односно 2,87% во реален износ.

Во текот на 2014 година имало нешто помалку од 200 исплати од задолжителните пензиски фондови. Во најголем број случаи, тоа се должело на остварени семејни пензии од страна на членови на семејство на починат член на вториот столб и остварени инвалидски пензии од страна на членови на вториот столб, поради што нивните акумулирани средства беа пренесени во Фондот на ПИОМ, кој ја исплаќа семејната односно инвалидската пензија. Покрај тоа, имаше и исплати на средства како наследство од индивидуалните сметки на починати членови на вториот столб како и еднократни исплати на лица кои не стекнале право на старосна пензија или на лица кои стекнале право на старосна пензија пред стапување во сила на Законот за исплата на пензии и пензиски надоместоци од капитално финансираното пензиско осигурување.

Бројот на членови во третиот столб лани се зголемил за 10% во однос на 2013 година и изнесува околу 20.400 членови, од кои 69% се учесници во пензиска шема со професионална сметка. Членовите во третиот столб, во просек се повозрасни во однос на членовите во вториот столб, односно просечната возраст на членовите во третиот столб е 42 години.

Во третиот столб биле уплатени околу 164 милиони денари, кои заедно со акумулираните средства биле инвестирани согласно законските прописи. Вредноста на средствата на доброволните пензиски фондови, на 31.12.2014 година, достигна до 8,2 милјарди денари или околу 8,2 милиони евра, што претставува околу 0,10% од БДП на РМ.

Инвестициското портфолио на доброволните пензиски фондови, слично како инвестициското портфолио на задолжителните пензиски фондови, се состои од домашни инвестиции кои вклучуваат државни хартии од вредност (44%), депозити (15%) и акции (12%), како и инвестиции во странство кои вклучуваат акции (5%) и удели на инвестициски фондови (22%).

Сметководствената единица и на двата доброволни пензиски фондови бележела континуиран пораст во текот на 2014 година. Како резултат на работењето на доброволните пензиски фондови во петгодишниот период 2010 – 2014 е остварен  годишен принос во номинален износ, во опсег од 6,46% до 6,90%, односно годишен принос во реален износ, во опсег од 4,09% до 4,52%.

Во 2014 година биле извршени околу 100 исплати на пензиски надоместок од третиот столб. Најголем дел од исплатите се исплати во случај на старост со еднократно повлекување на средствата, а мал дел се исплати за случај на смрт со исплата на наследство.

Претседателот на Советот на експерти на МАПАС нагласи дека штедењето за пензија е штедење на долг рок (ако се има предвид дека едно лице работи 30 до 40 години), па така според него треба и да се ценат остварените резултати на пензиските фондови.

Тој вели дека континуирано мораат да се следат состојбите во пензиската област и да се преземаат мерки за нејзино унапредување, со цел заштита на интересите на членовите и остварување сигурна пензија во текот на староста.

Изминатиов период МАПАС беше учесник во неколку проекти за подигнување на јавната свест и информирање на јавноста:

  • едукативна кампања за пензиско штедење под мотото:” Моето друштво е мој избор, а штедењето моја иднина... “ со посета на средни училишта и факултети низ повеќе градови во нашата држава и беа одржани презентации на учениците од завршните години со појаснување на нивните права и обврски во пензискиот систем.
  • активности како дел од Координативно тело за финансиска едукација кое се состои од регулаторни тела во кое МАПАС зема активно учество и е дел од „Глобалната недела на парите” која се одржува еднаш годишно.
  • МАПАС е дел проектот “ДЕН ЗА ВАС” кој во моментов е реализиран низ повеќе градови во нашата држава, со кој се овозможува на граѓаните преку посета на отворениот штанд, надминување на сите отворени прашања од областа на пензиското и инвалидското осигурување.

Водејќи се од нивната мисија од МАПАС велат дека ќе продолжат со вршење на супервизорски активности врз пензиските друштва, пензиските фондови и врз чуварите на имот, ќе работат на промовирање и развивање на свеста кај јавноста, ќе соработуваат со институциите вклучени во пензиското осигурување и со релевантни институции од финансиската област и, по потреба, ќе даваат иницијативи за измени на законите и на подзаконските акти во насока на остварување на мисијата на МАПАС, да ги заштитат интересите на членовите на пензиските фондови и да се поттикне развојот на капитално финансираното пензиско осигурување заради посигурни пензионерски денови..

Можеби ќе ве интересира

БОГАТИТЕ СЕ ПОВЕЌЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ ЗА GOLDEN VISA: Три европски земји имаат најатрактивни програми

БОГАТИТЕ СЕ ПОВЕЌЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ ЗА GOLDEN VISA: Три европски земји имаат најатрактивни програми

ТРЕСКАТА „НОЌ НА ВЕШТЕРКИТЕ“ ЌЕ ДОНЕСЕ СКОРО 12 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ НА АМЕРИКАНСКАТА ЕКОНОМИЈА Приходите може да бидат поголеми одбожиќната продажба

ТРЕСКАТА „НОЌ НА ВЕШТЕРКИТЕ“ ЌЕ ДОНЕСЕ СКОРО 12 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ НА АМЕРИКАНСКАТА ЕКОНОМИЈА Приходите може да бидат поголеми одбожиќната продажба

НЕВЕРОЈАТНА ЗАРАБОТКА НА ОКТОБЕРФЕСТ, КЕЛНЕРИТЕ СТИГНУВААТ И ДО 10.000 ЕВРА НЕТО: Шеторите имаат промет и до девет милиони евра

НЕВЕРОЈАТНА ЗАРАБОТКА НА ОКТОБЕРФЕСТ, КЕЛНЕРИТЕ СТИГНУВААТ И ДО 10.000 ЕВРА НЕТО: Шеторите имаат промет и до девет милиони евра

НЕМААТ РАБОТНИЦИ, ПА КОРИСТАТ ВЕШТАЧКА ИНТЕЛЕГЕНЦИЈА: Јапонија вака го решава овој проблем

НЕМААТ РАБОТНИЦИ, ПА КОРИСТАТ ВЕШТАЧКА ИНТЕЛЕГЕНЦИЈА: Јапонија вака го решава овој проблем

ЗЕМЈИТЕ НА ПОРАНЕШНА СФРЈ ЛЕЖАТ НА БОГАТСТВА, САМО СЛОВЕНИЈА БУКВАЛНО НЕМА НИШТО: Но, тие се побогати од сите заедно

ЗЕМЈИТЕ НА ПОРАНЕШНА СФРЈ ЛЕЖАТ НА БОГАТСТВА, САМО СЛОВЕНИЈА БУКВАЛНО НЕМА НИШТО: Но, тие се побогати од сите заедно

ВО ЕДЕН ЕВРОПСКИ ГРАД СЕКОЈ МОЖЕ ЛЕСНО ДА НАЈДЕ РАБОТА: Стапката на невработеност таму изнесува помалку од два отсто

ВО ЕДЕН ЕВРОПСКИ ГРАД СЕКОЈ МОЖЕ ЛЕСНО ДА НАЈДЕ РАБОТА: Стапката на невработеност таму изнесува помалку од два отсто

НА ПОВИДОК МЕГА ПРОИЗВОДИТЕЛ НА АВТОМОБИЛИ: Во преговорите влегуваат премиум брендови

НА ПОВИДОК МЕГА ПРОИЗВОДИТЕЛ НА АВТОМОБИЛИ: Во преговорите влегуваат премиум брендови

На покана на ЕИБ, Анѓушев говореше за поставување батерии на фотоволтаични електрани во Штип

На покана на ЕИБ, Анѓушев говореше за поставување батерии на фотоволтаични електрани во Штип

ВО ВТОРНИК СЕ ПОТПИШУВА ДОГОВОРОТ ЗА УНГАРСКИОТ КРЕДИТ: Министерката Кочовска ќе отпатува во Будимпешта

ВО ВТОРНИК СЕ ПОТПИШУВА ДОГОВОРОТ ЗА УНГАРСКИОТ КРЕДИТ: Министерката Кочовска ќе отпатува во Будимпешта