18 Декември, 2025
0.0461

Бројот на советници во општините пред Уставен

Објавено во: Македонија 24 Септември, 2025 08:27

Добивај вести на Viber

Уставниот суд на денешната 20. седница ќе ги разгледува предметите за Одлуката на Владата со која се утврдува бројот на членовите на советите на општините.

За оваа точка се поднесени три инцијативи. Првата е поднесена од Скендер Реџепи кој наведува дека оспорената одлука создава правна несигурност, бидејќи според него, Владата без законско овластување ја донела Одлуката со која е утврден бројот на членовите на советите во општините. Во иницијативата е наведено дека Владата нема законско овластување за вакви одлуки и бројот на членовите којшто е определен со оспорената Одлука е различен од начинот предвиден во членот 34 од Законот за локална самоуправа. Се наведува дека Одлуката не содржи податоци врз основа на кои е определен бројот на членовите на советите, што истата ја прави нејасна и спротивна на член 9 алинеја 3 од Уставот.

Втората иницијатива е поднесена од Ќенан Алија кој тврди дека оспорената Одлука е во спротивност со член 8 алинеја 3 и член 51 од Уставот, како и со членови од Законот за локална самоуправа. Се наведува дека извршната власт не може да го одредува бројот на членови во советот на општините спротивно од официјалните податоци добиени од Пописот во 2021 година.

Подносители на третата иницијатива се Блерим Беџети, координатор на пратеничката група „Европски фронт” и Сали Мурати, пратеник на пратеничката група „Европски фронт”. Во неа меѓудругото се наведува дека со оспорената одлука се повредува член 34 од Законот за локалната самоуправа, бидејќи според тврдењата се дава овластување на Владата да го уреди бројот на членовите на советот на општината. Според подносителите, член 36 став 3 од Законот за Владата овозможува да се донесат одлуки за да се спроведат законите, но не и да се носат одлуки кои се базирани на правно спорни или укинати методологии. За ова како аргумент ја наведуваат одлуката на Уставниот суд У.бр.251/2025 со која Судот укина делови од Методологијата за спроведување на пописот во 2021 година. Се наведува дека фактот со кој што Уставниот суд ги укинал спорните делови од Методологијата е од фундаментално значење за правна оценка на сега оспорената Одлука на Владата, бидејќи таа е основана на укинатите методолошки основи, односно на податоците од категоријата „резидентно  население” според Пописот од 2021 година. 

Уставниот суд на денешната седница ќе го разгледува и барањето на новинарката Наташа Стојановска, поднесено преку адвокатот Филип Медарски, со кое се оспорува Пресуда 3 П4-240/22 од 15.06.2022 година на Основен граѓански суд Скопје и Пресудата ГЖ-3340/22 од 19.12.2024 на Апелационен суд Скопје.

Подносителката во барањето наведува дека нејзиното тужбено барање во делот на повредата на слободата на изразување е одбиено како неосновано од страна на двата суда преку донесување на пресудите, кои се однесуваат на настан случен на 27 април 2017 година во Собранието. Подносителката како акредитирана новинарка била присутна тој ден во Собранието за да известува за Телевизија 24, не само што била спречена да известува од критичниот настан, наведува дека била и нападната, по што за остварување на своите права после настанот отворила судски постапки против државата, поради фактот дека не ја заштитила безбедноста на новинарите при извршувањето на нивните задачи, во смисла на членот 10 од Европската конвенција за човекови слободи и права. Судовите го одбиле нејзиното барање за надомест на штета поради слободата на изразување, како неосновано.


Можеби ќе ве интересира

УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата

УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата

МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење

МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење

СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема

СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема

УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето

УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето

Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје

Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје

Обвинение за упадот во „Инфомкас“, напаѓачот бил пресметлив

Обвинение за упадот во „Инфомкас“, напаѓачот бил пресметлив

Левица: Ќе доставиме докази против Томовски во Антикорупциска

Левица: Ќе доставиме докази против Томовски во Антикорупциска

Игор Ивановски и Андреј Петров отвораат фронт за преземање на СДСМ?

Игор Ивановски и Андреј Петров отвораат фронт за преземање на СДСМ?

ВМРО-ДПМНЕ: Државниот ревизор потврди дека Груби прикрил 2 милиони евра од Лотарија

ВМРО-ДПМНЕ: Државниот ревизор потврди дека Груби прикрил 2 милиони евра од Лотарија